Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанската влада го разреши шефот на каталонската полиција

0
By Нова ТВ on October 28, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 28, 2017 13:01

Шпанската влада денеска во Службен весник објави дека е разрешен началникот на каталонската полиција, ден откако оваа североисточна покраина прогласи независност, а каталонската полиција ги повика своите полицајци да се однесуваат „неутрално“.

Јусеп Луис Траперо, оперативниот командир на каталонската полиција е сменет во рамки на мерките кои Мадрид вчера вечерта почна да ги спроведува: смена на каталонската влада, преземање на управувањето над Каталонија и распишување на нови избори на 21 декември.

Луис Траперо последните недели стана значајна личност во каталонската криза. Тој во август беше народен јунак кој се справуваше со вонредната безбедносна ситуација по џихадистичките напади со 16 жртви во Каталонија, а денес Мадрид го товари за пасивност во текот на протестите против шпанската полиција.

Во пораката која ја објави каталонската полиција адресирана до нејзините членови, пишува полицијата да се однесува неутрално и да не зазема страна во судирот. Пораката доаѓа откако во каталонската полиција завладеа недоверба помеѓу оние кои ја поддржуваат независноста и тие кои се против неа.

„Со оглед на тоа дека постои реална можност за собири на граѓани на целата територија и луѓето да имаат различни ставови, мораме да ги потсетиме дека наша одговорност е да им гарантираме сигурност на сите и да овозможиме собирите да се одржат без нарушување на јавниот ред и мир“, пишува во пораката до каталонската полиција.

Високиот шпански суд минатата недела му забрани на Траперо да ја напушти Шпанија и му го одзеде пасошот, иако не нареди негово апсење.

Каталонија независност полиција Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.