НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хамилтон: Заостанував и 40 секунди, но не се откажав

0
By Нова ТВ on October 30, 2017 СПОРТ
Фото: formula1.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Луис Хамилтон ја завери четвртата шампионска титула во Формула 1 шампионатот во кариерата. Британецот имаше судир со Фетел во раната фаза од трката за ГН на Мексико, мораше рано во бокс, заостануваше и 40 секунди, на крајот заврши како деветти што, сепак, беше доволно за славеничка атмосфера во тимот на Мерцедес иако му беше потребен само еден пласман во топ пет на две станици до крај на сезоната. Но, се покажа дека и со помалку бодови ќе го наследи Нико Розберг на тронот. Победата на автодромот „Браќа Родригез“ крај Мексико Сити ја однесе Макс Ферстапен (1:36,26,552 часа), втор беше Валтери Ботас (+19,678 сек.), трет низ целта мина Кими Раиконен (+54,007 сек.). Германецот Себастијан Фетел, кој тргна од пол-позицијата, заврши како четврти (+70,078 сек.).

„Да живее Мексико. Благодарност до сите кои дојдоа. Се надевам дека уживаа во трката. Овдешните навивачи се едни од најдобрите во светот. Прават навистина неверојатна атмосфера. Добро стартував меѓутоа не знам што се случи во третот свиок. Му овозможив доста простор на Фетел, а на крајот се заврши нестварно. Не сакав ваква трка. Заостанував 40 секунди, но не се откажав. Тоа ми е најважно и тоа ми лежи на срце. Мерцедес е неверојатен во последните пет години“, истакна меѓудругото Хамилтон по настапот во Мексико.

Хамилтон има недостижни 56 бода предност пред Фетел во пресрет на последните две трки за 2017 година во Бразил и во Абу Даби. Новиот владетел во „летечкиот циркус“ викендот стана и најуспешен Британец во историјата на натпреварувањето надминувајќи го Џеки Сјуарт и се израмни со Французинот Алан Прост на вечната листа. Една титула повеќе од нив има легендарниот Хуан Мануел Фанџо (пет), рекордер е Михаел Шумахер со седум.

Фото: formula1.com

Трофејот за конктруктори ќе заврши во витрините на тимот на Мерцедес кој минатата недела во Остин, САД, го одбрани тронот.

Наредната Ф1 трка, претпоследна за 2017 година, ќе се вози во Сао Паоло (10-12 ноември) за ГН на Бразил.

Резултати од трката за ГН на Мексико

Макс Ферстапен (Холандија/Ред Бул) 1:36,26,552 часа

Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) +19,678 сек.

Кими Раиконен (Финска/Ферари) +54,007 сек.

Себастијан Фетел (Германија/Ферари) +70,078 сек.

Естебан Окон (Франција/Форс Индија) +1 круг

Ленс Строл (Канада/Вилијамс Мерцедес) +1 круг

Серхио Перез (Мексико/Форс Индија) +1 круг

Кевин Магнусен (Данска/Хас Ферари) +1 круг

Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) +1 круг

Фернандо Алонсо (Шпанија/Мекларен Хонда) +1 круг, итн.

Генерален пласман кај возачи

Луис Хамилтон (В. Британија) 333 бода

Себастијан Фетел (Германија) 277

Валтери Ботас (Финска) 262

Даниел Рикардо (Австралија) 192

Кими Раиконен (Финска) 178

Макс Ферстапен (Холандија) 148

Серхио Перез (Мексико) 92

Естебан Окон (Франција) 83

Карлос Сајнц Јр. (Шпанија) 54

Ленс Строл (Канада) 40, итн.

Генерален пласман кај конструктори

Мерцедес 595 бода

Ферари 455

Ред Бул 340

Форс Индија 175

Вилијамс Мерцедес 76

Торо Росо 53

Рено 48

Хас Ферари 47

Мекларен Хонда 24

Заубер Ферари 5

ГН на Мексико Луис Хамилтон Мерцедес Себастијан Фетел Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.