Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига Европа: Вардар за поправање на впечатокот со Реал Сосиедад

0
By Нова ТВ on November 2, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 2, 2017 17:18

Фудбалерите на Вардар со единствен императив ќе истрчаат вечерва на „Аноета“ во Сан Себастијан на реваншот со Реал Сосиедад во рамки на четвртото коло во групната фаза во УЕФА Европа лигата. Нивна желба е поправање на играчкиот впечаток од првиот меч, а ако тоа биде доволно и за поволен резултат од оние 0:6 на 19 октомври на „Телеком арена“ во Скопје. Свесни се дека ќе биде ѓаволски тешко, но истовремено изразуваат верба дека лекцијата е научена и дека, овојпат, ќе се обидат да бидат достоен партнер на фаворизираниот шпански претставник.

„За Реал Сосиедад не треба да се трошат зборови. Знаеме со каков противник имаме работа. Треба да гледаме како ние ќе одиграме. Ќе дадеме максимум од нас за надигрување и со намера да ја поправиме лошата слика од првиот натпревар. Во Скопје им овозожиме многу простор по страничните позиции по кои се најсилни. Со наша добра организација и со нивно затворање се надевам дека ќе можеме до поволен резултат“, истакна вардаровиот предводник, Чедомир Јаневски.

Гостувањето на „црвено-црните“ кај Реал Сосиедад доаѓа во незгоден момент. Македонскиот првак се наоѓа во резултатска криза во домашното првенство, а запиша и три убедливи порази и во Лига Европа, реалност од која не бега и Хуан Фелипе.

„Среде тежок период сме и во мала резултатска криза, но ќе се обидеме да изненадиме. Едноставно мора да дадеме максимум. Предизвикот е голем, противникот е квалитетен, а за поволен резултат секој од нас ќе мора да го извлече најдоброто од себе“, коментира Бразилецот кој е стрелец и на, засега, единствениот гол за вардарци во групата Л во ЛЕ.

Во вториот меч во групата, Розенборг го дочекува лидерот на табелата, Зенит од Санкт Петербург.

Лига Европа – 4 коло

Вечерва играат

АЕК – Милан (19 ч.)

Аполон – Аталанта

Истанбул Басакшехир – Хофенхајм

Копенхаген – Злин

Локомотив Москва – Шериф Тираспол

Лудогорец – Брага

Олимпик Лион – Евертон

Макаби Тел Авив – Астана

Партизан – Скендербег

Риека – Австрија Виена

Славија Прага – Вилјареал

Јанг Бојс – Динамо Киев

Арсенал – Црвена звезда (21,05 ч.)

Атлетик Билбао – Естерсундс

Келн – БАТЕ Борисов

ФЦС Букурешт – Хапоел Бер Шева

Виторија Гимараеш – Олимпик Марсеј

Херта – Зорја Луханск

Лацио – Ница

Викторија Плзен – Лугано

Реал Сосиедад – Вардар

Розенборг – Зенит Санкт Петербург

Салцбург – Конјаспор

Витесе – Зулте Варегем

Вардар Лига Европа Реал Сосиедад фудбал Хуан Фелипе Чедомир Јаневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

ВЕСТИ June 11, 2026

Бугарски медиуми објавија дека во најновиот извештај на Европскиот парламент за Северна Македонија се повикува…

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.