НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжуваат обвинувањата кон Кевин Спејси за недолично однесување

1
By Нова ТВ on November 3, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Слично како и случајот за сексуално малтретирање од страна на моќниот филмски продуцент Харави Вајнстајн, сега продолжуваат и обвинувањата против еден од најмоќните актери изминативе десетина години, Кевин Спејси.

Откако актерот Ентони Реп, пред „Базфид“ ја отвори тајната која ја чувал со години, дека на само 14-годишна возраст бил сексуално малтретиран од Спејси, на контото на оскаровецот дојдоа уште десетина обвинувања од мажи кои имале непријатен однос со него.

Си-Ен-Ен објави дека најмалку осум членови на екипата на популарната серија „Куќа од карти“ во која Спејси го глуми фиктивниот американски претседател Френк Андервуд, биле сексуално малтретирани од актерот. По обвинувањата на Реп, Кевин Спејси беше обвинет и од актерот Роберто Кавазос како и од продуцентот Тони Монтана.

Она што отвори полемика во јавниот дискурс уште повеќе е начинот на кој Спејси „ги отфрли“ првичните обвинувања од актерот Реп.

„Немам зборови да опишам колку сум ужаснат од приказната. Не се сеќавам на моментот кој ако се случил, бил пред 30 години. Но ако навистина сум го направил она што тој вели, му должам најискрено извинување бидејќи можно е да се случило во длабока и неприфатлиа пијана состојба и жалам за чувството кое го носел со себе сите овие години“, рече Спејси меѓу другото кој потоа надополни дека сега сакал да го продолжи животот отворено како хомосексуалец.

Кевин Спејси во улогата на Френк Андервуд, кој секогаш го добива она шо го посакува

Поранешен асистент продуцент на серијата „Куќа од карти“, го обвини Спејси дека без никаква согласност, додека се возеле во автомобил, ја ставил рака на несоодветно дел од ногата на асистентот, кој пак тврди дека Спејси веројатно сметал дека му е тоа дозволено со оглед на моќта со која располагал во филмската екипа.

„Тој беше на многу моќна позиција во серијата а јас некој кој што е многу доле во синџирот“, вели асистентот за Си-Ен-Ен.

„Не се сомневам дека таквиот стил на предатор за него било само рутина и дека сигурно и други го имале истото искуство со Кевин кој располагаше со висок статус и позиција. Се работи за токсична средина во која младите мажи неизбежно беше а да немаат контакт со него“, вели тој.

И продукциската компанија на серијата „Куќа од карти“, Ем-Ар-Си, потврди дека во 2012 добиле поплаки за однесувањето на Спејси.

„За време на нашата прва година од работењето во 2012 година, некој од екипата се пожали за одредено недолично однесување од Кевин Спејси. Презедовме итни мерки и брзо ги средивме работите на задоволство на сите инволвирани. Спејси учествуваше во тренинг-програма по која никој друг потоа не се пожали од него“, велат оттаму.

По првичните обвинувања од актерот Ентони Реп кон Кевин Спејси, Нетфликс, кој ја издава серијата, соопшти дека „Куќа од карти“ повеќе нема да се снима.

Кевин Спејси Куќа од карти Френк Андервуд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.