НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наставничкиот пленум против покачувањето на платите од 5 отсто

2
By Нова ТВ on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наставничкиот пленум изразува незадоволство во врска со најавите за зголемување на платите на просветните работници за 5 %, што би требало да се случат од септември годинава, како што објави министерот за финансии во презентацијата на Предлог-буџетот за 2018 г.

-Платите на просветните работници во Р Македонија се едни од најниските во регионот. Дополнително, наставниците не добиваат надоместоци за својата прекувремена работа која не ретко се одвива и за време на викенд, па оттука највеното зголемување за 5 % ниту ќе придонесе за поголема мотивираност на наставниците, а со тоа и подобрување на квалитетот на наставниот процес ниту суштински ќе го подобри животниот стандард на таргетираните, се вели во соопштението.

Наставничкиот пленум понатаму во писмото истакнува уште една забелешка: За разлика од привилегираните административци кои добиваат месечен надомест за патни трошоци, голем дел од нив астрономски суми, овие трошоци од 2010 година се вкалкулирани во бруто платата на просветните работници, а со тоа наставниците (особено оние кои поминуваат повеќе километри до своето работно место) се дискриминирани во поглед на реалните примања.

Наставничкиот пленум очекува од Владата објаснување зошто не се спроведуваат членовите 35, 36 и 37 од Колективниот договор потпишан на 2 декември, 2008 и изменетиот договор од 28 ноември, 2009 г.

-Доколку буџетот е празен, советуваме мерките за штедење да се остварат преку  редукција на гломазната администрација во сектори каде реално нема потреба од толкав број административци, а не преку грбот на секторот образование каде училиштата сѐ уште сe соочуваат со недостаток на стручни кадри: педагози, психолози, дефектолози и други стручни лица. Во спротивно, оваа најава ќе ја сметаме за навредлива и популистичка мерка на Владата на РМ со која се обидува да се дотолчи и онака прегазеното достоинство на просветните работници во земјава, велат од Пленумот.

Наставничкиот пленум на крајот од писмото истакнува дека во знак на солидарност, доколку во Буџетот нема средства за соодветно вреднување на трудот на наставниците,тие се откажуваат од покачувањето од 5% и предлагаат тие средства да се насочат кон реални социјални програми, но истовремено бара и другите корисници на буџетските средства да го следат нивниот пример.

Наставнички пленум покачување 5%
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.