НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Пирло заврши со Њујорк, наскоро асистент на Конте во Челзи

0
By Нова ТВ on November 6, 2017 СПОРТ
Фото: nysportsday.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Андреа Пирло ја завршува богатата фудбалска кариера. Легендарниот Италијанец го имаше последниот настап за Њујорк сити против Колумбус во четврт-финалето на источната конференција во американската МЛС лига. Во игра влезе во судиското надополнување на средбата пришто беше поздравен со овации од трибините. Неговата екипа на крајот забележа пирова победа со 2:0, но остана без полуфинале поради поразот со 1:4 во воведните 90 минути од двомечот.

За време на дводецениската кариера, Пирло прерасна во еден од најдобрите светски играчи за врска. Го понесе прекарот „Моцарт“ како најсоодветен одраз на неговата перцепција, креативност и вештини како член на екипите на Бреша, на Реџина, на Интер, на Минал, на Јувентус и на Њујорк сити.

Најголемите успеси ги постигна со „росонерите“ од Милано за кои настапуваше од 2001 година до 2011 година, период во кој даде фолем придонес за двете титули во Лигата на шампиони и по една во Серија А, во УЕФА Суперкупот и на Светското клупско првенство.

За репрезентацијата на Италија одигра 116 натпревари и беше дел од генерацијата што ја освои шампионската титула на мундијалот во Германија во 2006 година. Со оглед дека наредниот месец му истекува договорот со клубот во САД, се шпекулира дека нема да потпише нов, дека наскоро ќе објави крај на кариерата. Во фудбалските кулоари се врзува со Челзи, но не како фудбалер туку како асистент во стручниот штаб на Антонио Конте.

Андреа Пирло Кариера Њујорк сити фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.