НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинетите од „Тврдина 2“: Постапувавме по наредба на Грујевски

3
By Нова ТВ on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинетите службенички во случајот „Тврдина 2“, во своите завршни зборови пред судијката Лидија Петровска рекоа дека не се чувствуваат виновни затоа што се што направиле било по наредба на претпоставениот, екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујевски.

„Во УБК сум долги години и секогаш својата работа сум ја работела професионално без никакви забелешки. Секогаш сум ги почитувала наредбите на претпоставените и сакам да кажам дека и во овој случај постапував исклучиво по наредба на претпоставениот началник“, рече една од обвинетите.

Со овој исказ се сложија и останатите пет обвинети во случајот „Тврдина 2“.

Непосредно пред нивните завршни зборови, обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска, за Грујевски, кој е првообвинет во случајот, побара максимална затворска казна.

Таа побара судот да ги цени отежнителните околности, односно тоа што обвинетиот иако знаел дека постапката е во тек, избегал.

За останатите шестмина обвинети, Ристоска побара алтернативна казна и побара судот да ги цени отежнителните околности како тоа што ниту една од нив не се покајала за дејството, но и олеснителните околности како тоа дека ниту една од обвинетите нема никаква дамка во службата во претходното работење.

Ристоска во своето излагање рече дека мотивот за уништувањето на документацијата е очигледнони јасно – „да се уништат доказите за лицата кои го правеле прислушувањето”.

Одбраната на Грујевски составена од адвокатите Љупчо Шврговски, Миле Петровски и Петар Василев побара судот да ги ослободи обвинетите од обвиненијата, бидејќи во овој случај, според нив, не постоело кривично дело, а воедно ја спорат и надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за овој случај.

Горан Грујевски обвинети Петта управа СЈО службенички Тврдина 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.