НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иван Џолев избран за претседател на Основниот суд Скопје 1

1
By Влатко Чаловски on November 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет на денешната седница гласаше за судијата Иван Џолев да биде новиот претседател на Основниот суд Скопје 1.

Џолев ја доби поддршката од 11 членови на Советот од вкупно 13. Двајца гласаа против. Исто така судијата Џолев ја доби поддршкатта од 6.членови кои како малцинство гласаат според Бадентеровиот систем.

По оставката на претходниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, поднесена на 25.октомври годинава, на огласот се пријавиле осум кандидати, а на утврдената ранг листа како предлози за гласање според бодовната листа прв беше Владимир Панчевски потоа Ивица Стефановски, па Верка Петковска, Оља Ристова, Осман Шабани, Ѓоко Ристов, Џолев па Весна Димишкова.

Претседателот на Советот, Зоран Караџовски за време на седницата информираше дека Оља Ристова ја повлекла кандидатурата, по што започна гласањето за останатите од ранг листата.

ГЛАСОВИТЕ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ:

Резултатите по гласањето беа: Владимир Панчевски 5 ЗА, 8 ПРОТИВ, Ивица Стефановски 7 ЗА, 6 ПРОТИВ, Верка Петковска 5 ЗА, 8 ПРОТИВ, Осман Шанаби 6 ЗА, 7 ПРОТИВ, Шорѓи Ристов 8 ЗА, 5 ПРОТИВ и за Џолев гласаа 11 ЗА, 2 ПРОТИВ и 6 ЗА 0 ПРОТИВ според Бадентер.

Непосредно пред гласањето членовите најавија дека бодовите овој пат нема да играат улога во нивното убедување за нов член на Единицата, бидејќи таму бил потребен човек кој ќе воспостави ред и кој ќе има организациски способности пред се, бидејќи Основниот суд Скопје 1 изминатиов период, според нив, ја давал сликата за целото судство, што наговестуваше дека Панчевски иако е прв на листата, ја немаше улогата на фаворит.

Комисијата која ја утврди листата и која ги интервјуирала кандидатите, рече дека Иван Џолев има 9 години судиско искуство, што е речиси исто како и кај другите кандидати.

По изборот на Џолев претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, не излезе да даде изјава за медиумите.

Џолев, инаку, во ноември минатата година поднесе кривична пријава против Панчевски, кој тогаш беше претседателот на Кривичен, поради кривично дело поврзано со влијание врз судија за да преземе одделни незаконити дејствија.

Џолев тогаш за НОВА изјави: “Единствено ќе речам дека го тужам за влијание врз судот за што е предвидена казна затвор од 1 до 5 години”.

Панчевски уште истиот месец му поднесе пријава на Џолев за лажно пријавување.

Џолев во февруари годинава поднесе кривична пријава против Јордан Лазаров, претседател на комисијата во Советот за утврдување на факти кој одлучуваше за претставката што ја поднесе Антиикорупциската комисија, а се однесува на настан случен во 2014 за работењето на Џолев како судија во Кривичниот суд.

Кривичната пријава против Лазаров е за злоупотреба на службената положба. Џолев и неговиот адвокат Стеван Павлески сметаа дека претставката против Џолев се разгледува токму во овој период за да му наштети на неговата кандидатура за претседател на Основниот суд Скопје 1.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.