НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал У21: Австрија како шанса за перење на срамот со Гибралтар

0
By Нова ТВ on November 13, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По скапото октомвриско луксузирање со тешко стекнатиот рејтинг, новата генерација на младата фудбалска репрезентација на Македонија е пред нов испит во квалификациите за Европското првенство во Италија и Сан Марино во 2019 година. Шокантниот пораз од тоталниот аутсајдер Гибралтар во Португалија ќе се „пере“ утре попладне (13 ч.) на „Телеком арена“ против Австрија во четвртиот настап во групата 7. Паралелно со анализите и подготовките за натпреварот, селекторот Благија Милевски потпиша и дополнителна покана. Ја адресира до Елиф Елмас од Фенербахче чие присуство во националниот тим овојпат треба да биде од големо значење во желбениот обид на „црвено-жолтите“ за втора радост во циклусот.

„Гибралтар е заборавен. Фокусирани сме на Австрија и се надевам дека целта ќе биде исполнета. Направивме добра анализа и верувам дека ќе одиграме квалитетно. Австријците несомнено поседуваат квалитет, но ние сме насочени кон нас самите, кон нашето издание. Иако има уште шест меча, сепак, утрешниот може да биде клучен за конечниот пласман. Притисок е присутен меѓутоа мора да научиме да се носиме без оглед дали е позитивен или негативен“, изјави селекторот Милевски.

Македонија моментно е последна во седмата квалификациска група по три одиграни меча во кои запиша два пораза (во гости од Гибралтар – 0:1 и дома од Србија – 0:2) и победа ( во гости над Ерменија – 3:0). Покрај дуелот во Скопје, утре напладне (12 ч.) во Ереван ќе играат и Ерменија – Србија. Северниот сосед е лидер на табелата со максимален ефект (12 бода) по четири одиграни средби пред Русија која има 10 бода од пет натпревари.

Благоја Милевски Квалификации за ЕП 2019 Македонија Репрезентација У21 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.