НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски најавува промени во платите на полициските службеници

0
By Нова ТВ on November 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од претседателот Ацо Антовски денеска разговараа за проблемите со кои се соочуваат вработените во полицијата, за можностите за подобрување на условите за работа, како и за усогласувањето на платите на вработените во МВР со платите на вработените во сродните институции во државата и полициите во опкружувањето .

Министерот Спасовски ги информирал претставниците на Синдикатот дека во тек се конкретни активности за подобрување на стандардот на работење на полициските службеници, почнувајќи од набавка на основната полициска опрема како што се униформи и чизми, нешто што, како што посочил, не се случило скоро цела деценија.

Во врска со можностите за усогласување на платите на вработените во МВР со платите на вработените во сродните институции во државата и полициите во опкружувањето, договорено е во најбрз рок да се направи сеопфатна анализа на состојбите во Министерството и врз основа на тоа да се договорат можностите, начинот и условите врз основа на кои би продолжил овој процес.

– Договорено е да се формираат заеднички работни групи со цел отпочнување на процесот на изготвување на нова листа на плати за вработените во МВР, како и изнаоѓање на начин за исплата на сите парични побарувања на вработените по било којa основa, а се со цел избегнување на евентуални судски спорови и трошоци, се вели во соопштението од МВР.

Министерот Спасовски и претставниците на синдикатот се договориле во најскоро време да се најде привремено решение за вработените во ПС за ГП и ГН „Белановце“ – Пункт „Гошинце“, се до конечно решавање на инфраструктурата и состојбата на постоечкиот објект.

Тој истакнал дека за секое барање или предлог на Синдикатот, раководството на Министерството е подготвено за отворен разговор и изнаоѓање на решенија. Актуелното раководство на МВР, посочил Спасовски, досега ниту одбило каков и да е синдикален предлог, ниту пак има намера во решавањето на проблемите да ги исклучи полициските синдикати.

барања МВР Оливер Спасовски Полициски синдикат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.