НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велешкиот суд ќе одлучува за ФЕНИ,Врховен го одби барањето за изземање

0
By Нова ТВ on November 16, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врховниот суд го одби барањето на бугарската компанија „Енекод“ за изземање на Судот во Велес од постапката за проценка дали компанијата ФЕНИ треба да оди во стечај.

Судот денеска оцени дека е неоснован предлогот на ФЕНИ индустри АД Кавадарци за определување на друг месно надлежен суд за водење на стечајната постапка е одбиен како неоснован, со што постапката за овој предмет останува да се води пред стварно и месно надлежниот Основен суд Велес, соопшти Врховниот суд.

На 13 овој месец, „Енекод“ побара изземање на Велешкиот суд, поради што не се расправаше за случајот за отворање стечај.

Предстечајната постапка на фабриката е отворена на барање на трите најголеми доверители Комерцијална банка, Стопанска банка и Силк роуд. Комбинатот на овие три банки им должи 40 милиони евра, а вкупниот долг на фабриката е над 60 милиони евра. Предстечајната постапка беше отворена на 31 октомври, а за привремен стечаен управник беше назначен Мирослав Анастасиевски од Гостивар.

Тој тогаш изјави дека отворање стечајна постапка во овој момент е единствен начин за зачувување на имотот, спречување на настанување на штети и изнаоѓање на најбрзо можно решение за рестартирање и ангажирање на вработените во одржување на технолошкиот минимум.

Банките доверители пак рекоа дека барањето за изземање на судот е сосема неосновано и дека го сметаат за уште еден обид на сопствениците и нивните новоназначени претставници за оддолговлекување на постапката за реорганизација и премин на „Фени“ кон нормално функционирање и целосно работно ангажирање на вработените.

Врховен суд Енекод стечај Суд во Велес Фени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.