Металург останува, речиси, неконкурентен за место во наредната фаза во ракометната Лига на шампиони преку групата Д. Од игра го исфрли тимот на Бешикташ кој во Истанбул славеше со 32:29 (13:15) благодарение на перфомансот во последната третина од натпреварот. Македонскиот вицепрвак имаше позивива на семафорот и контрола на теренот, но турскиот претставник направи серија од 5:0 од 35 минута до 41. што се покажа како пресудна за крајниот епилог.
Ако Бешикташ собра сили за пресврт, тоа не беше случај и со Металург во завршните 20. минути. Максимумот беше доближување на минус еден од домашните, но не и враќање на предноста што во еден момент во првиот дел изнесуваше и четири гола. Падот на концентрација се одрази во играта во двата правца, па петтиот пораз, трет во низа, беше неизбежен на крајот за што голем придонес имаше и голманот Хендави.
Фарук Вражалиќ и Толга Озбахар постигнаа по седум гола за домашниот состав, Немања Прибак додаде четири, а Филип Лазаров два. Филип Кузмановски со шест го предводеше Металург кој во наредното коло го очекува дуел во Скопје против Мотор Запорожје.
Бешикташ – Металург 32:29 (13:15)
Спортска сала во Истанбул. Гледачи: Судии: 500. Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ (двајцата од Австрија).
Бешикташ: Каратај, Ѓунај, Хендави, Вражалиќ 7, Прибак 4, Ф. Лазаров 2, Крсманчиќ, Демирезен 1, Радојковиќ, Озбахар 7, Ерсин 2, Кесер, Нуиќ 3, Томиќ, Дене 6. Тренер: Муфит Арин.
Седмерци: 1/1. Исклучувања: 10 минути.
Металург: Томовски, Арсиќ, Петров 3, Јагањац 3, Токиќ 2, Танкоски, Серафимов, Кузмановски 6, Илиќ 5, Анѓелиќ 3, Велковски 1, Пешевски 1, Палевски 2, Гуглета 3, Димитриевски, Арсеновски. Тренер: Александар Јовиќ.
Седмерци: 2/3. Исклучувања: 8 минути.