Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го отфрли извинувањето од НАТО откако неговото име се појави на листата на непријатели за време на воена вежба во Норвешка.
-Видовте вчера однесување полно со непочитување за време на воената вежба на НАТО. Постојат грешки кои не ги прават будали, туку луѓе со низок морал. Тоа не може лесно да се заборави – изјави Ердоган во говор кој беше емитуван во живо на националната телевизија.
Турскиот претседател истакна дека тоа не може да се поправи со обично извинување.
Ердоган вчера рече дека Турција ги повлекува своите 40 војници од воената вежба на НАТО во Норвешка откако неговото име и името на Кемал Ататурк се појавило на листата на непријатели на постер за време на вежбата.
НАТО и Осло и се извинија на Турција за инцидентот, откако турскиот лидер ги повлече своите војници од маневарот.