НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гонзалез: Голема победа против голем шампион

0
By Нова ТВ on November 18, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едно непишано правило во спортот гласи „полесно е да се освои одошто да се одбрани“. Вардар е актуелен владетел во ракометната Лига на шампиони и продолжи како што тргна многу веројатно е дека и ќе остане на континенталниот клупски трон. Европскиот првак не знае за пораз во 13 меча во серија, попладнево ја запиша седмата победа во групата А и се бетонира на челната позиција на табелата. „Црвено-црната“ машина го сомле и Рајн Некар Левен со 30:26 (полувреме 17:13) за петти триумф во меѓусебните дуели или вкупно 11 во пресметките со членови на бундеслигашкото друштво.

„Оваа победа е значајна за нас. Забележана е против шампион на Бундеслигата што важи за најдобра. Рајн Некар е екипа која одлично напаѓа со седум ракометари и тоа веројатно го прави најдобро во светот. Добро почнавме и успеавме да најдеме начин за адекватно да парираме. Напаѓачки бевме подобри одошто беше случај против Барселона. Кога против себе имате тим што игра квалитетна одбрана и има страшен контранапад, мора да бидете на ниво. Ние денеска бевме и затоа успеавме“, истакна Раул Гонзалез, тренер на Вардар, по средбата.

Вардарци веќе 13 меча не знаат за пораз во елитното натпреварување на ЕХФ. Против Рајн Некар почнаа како што посакуваа, како што се договорија и притоа не дозволија ништо да ги наруши во победничките намери. Уште во првата половина од воведното полувреме покажаа кој е кој во „Јане Сандански“ и ритамот што го наметнаа го одржија до крај. Одлични во одбрана, ефикасни во напад, а ветар во грб им беше и Арпад Штербик кој со своите интервенции имаше голема улога во откажувањето на бундеслигашот.

„За одличен натпревар потребен е одличен противник. Ние го имавме во тимот на Рајн Некар кој игра ракомет за око. Чувството е убаво да се гледаат Германците како играат. Врз основа на тоа добро се подготвивме. Добро ги затворивме нивните напади „седум на шест“ уште од почеток. Опасна е таквата игра, но успеавме да пресликаме на терен се што се бараше од нас“, посочи вардаровиот Хрват, Иван Карачиќ.

Борозан беше лидер на вардаровиот напад со седум погодоци. Најголема реализаторска поддршка имаше од Иван Чупиќ кој мечот со заврши со шест гола, еден повеќе од летонскиот џин, Даинис Криштопанс. Најефикасни на спротивната страна беа Шмит, кој не се наигра во Скопје, и Баена, стрелци по пет гола за германскиот претставник.

Вардар и Рајн Некар Левен веќе наредниот викенд ги очекува ново соочување во Манхајм.

Вардар – Рајн Некар Левен 30:26 (17:13)

Сала: СЦ „Јане Сандански“. Гледачи: 5.500. Судии: Сорин Лаурентиу Дину и Константин Дин (двајцата од Романија).

Вардар: Штербик, Милиќ, Стоилов 3, Недановски, Поповски, Криштопанс 5, Македа, Карачиќ 3, Абутовиќ, Кањелјас 1, Чупиќ 6, Дибиров 3, Шишкарев 1, Борозан 7, Војводиќ, Марсениќ 1. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 4/6. Исклучувања: 8 минути.

Рајн Некар Левен: Апелгрин, Палицка, Шмит 5, Близнак, Сигурдсон 4, Радивоевиќ 4, Баена 5, Толбринг 1, Рниќ, Менсах 1, Пекелер 2, Гроцки, Рајнкинг 2, Талески, Гвардиола, Петерсон 2. Тренер: Николај Јакобсен.

Седмерци: 2/3. Исклучувања: 8 минути.

Вардар Лига на шампиони Рајн Некар Левен ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.