Шпанските власти соопштија дека спасиле околу 500 мигранти кои се обиделе од Африка да влезат во Европа преку Средоземното Море.
Претставникот на шпанскиот регион Мурсија, Франсиско Бернабе, соопшти дека 461 мигрант стигнале од Алжир во Картахена во 44 чамци.
Во исто време, кај Гибралтарскиот Проток биле пресретнати уште 40 мигранти во два чамци.
Според Бернабе, новиот бран мигранти е „координиран и неприфатлив напад на границите“.