НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев во Србија: Иднината ќе ја градиме врз заедничкото минато

0
By Нова ТВ on November 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска е во прва официјална посета на Република Србија, на покана на српската премиерка Ана Брнабиќ.

Покрај премиерот Заев, во делегацијата се и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски.

Тие синоќа пристигнаа во Белград.

https://www.youtube.com/watch?v=BLiqtNDbt6s

Главна тема на разговорите ќе биде договорот и подготовките за одржување на заедничката седница на двете влади, која би требало да се одржи во Белград.

Интервју за Политика

Во интервју за весникот „Политика“ , Заев вели дека во Белград се чувствува како во свој дом, а во Србија допатувал со цел да се  унапредат односите меѓу двете пријателски држави и да се развие соработката на ниво кое го заслужува вековното пријателство меѓу народите на двете земји.

-И Македонија и Србија имаат потреба за мир и стабилност во своите држави, како и во регионот и во светот, бидејќи само регионален и светски мир значи вистински безбеден „дом“. Начините како да се гарантира мир и стабилност се всушност политичките одлуки, но се додека сме заедно и на страната на мирот – немаме проблеми, оценува Заев.

Премиерот Заев се согласува дека македонскиот и српскиот народ ги спојува историско и културно минато, врз чии темели може да се гради иднината.

-Секоја идеја, предлог или чекор кои водат кон овие цели се вредни за разгледување. Едно знам: Ова се времиња кои поттикнуваат развој, моменти кои не смеат да се пропуштат. Свесни сме за тоа, ќе преземеме акции, а ефектите ќе ги почувствуваме и ќе бидеме горди на нив, бидејќи за тоа ќе бидеме заслужни заедно, додаде Заев.

Посета по тензичен период

Посетата на премиерот Зоран Заев на Белград доаѓа по тензиите меѓу двете држави, што започнаа со изјавата на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ на почетокот на годинава дека Србија направила грешка што ја признала Македонија под уставното име, а не како БЈРМ, поради најавите дека Македонија ќе гласа за прием на Косово во УНЕСКО.

Тензиите продолжија и за време на претседателската кампања во Срија кога тогашниот преиер и кандидат за претседател, сегашниот претседател на Србија Александар Вучиќ изјавуваше дека „не сака македонско сценарио“.

Односите кулиминираа со аферата со српскиот разузнавачот Горан Живаљевиќ кој работеше во Амбасадата на Србија во Скопје и кој беше во Собранието за време на настаните од 27 април и повлекувањето на дипломатскиот персонал од српската Амбасада во Скопје на 20 август.

Дипломатскиот спор кој траеше 48 часа, а се однесуваше на наводно прислушување на Амбасадата и персоналот, беше решен со директни разговори меѓу претседателот на Србија и премиерката на Србија Александар Вучиќ и Ана Брнабиќ со македонскиот премиер Зоран Заев, и со средбата на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Ивица Дачиќ.

Српската премиерка Ана Брнабиќ на 26 август на Средбата на премиерот од Западен Балкан во Драч го покани македонскиот премиер Заев да ја посети Србија во ноември.

Заев прва официјална посета Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на…

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.