Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заинтересираните инвеститори ќе вршат увид во состојбата на Фени

0
By Нова ТВ on November 22, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 22, 2017 10:32

Денеска треба да почне увидот во состојбата на кавадаречкиот комбинат Фени индустри од страна на три компании од Европа кои се заинтересирани за вложувања во овој индустриски комплекс. Трите банки доверители, Комерцијална, Стопанска и Силк роуд банка, на кои Фени им должи 40 милиони евра, очекуваат увидот во имотот да заврши без проблеми.

Енекод, бугарската компанија која веќе е влезена во Фени, по отворањето на стечајната постапка не обезбедува струја за работа на печките, па за електрична енергија, мазут и други трошоци во последните две недели банките платиле 250.000 евра.

Во моментов Фени е раководена од луѓе на бугарската компанија која тврди дека е новиот сопственик на комбинатот, па не е јасно дали денеска ќе почне увидот на барање на банките. Стечајниот управник Мирослав Атанасиевски вели дека никој не може да го спречи увидот кој се планира да трае до 29 ноември за кога е закажано ново рочиште во судот во Велес.

„Менаџерскиот тим на Фени индустри АД Кавадарци знае за барањето на доверителите. Непостапувањето или одлагањето на постапувањето е спротивно на Законот за стечај и ќе се смета за несоработка, за што, согласно законските прописи, менаџментот сноси одговорност“, вели Атанасиевски, привремен стечаен управник

На вработените не им се исплатени две плати и не се знае кога работниците ќе си ги добијат парите, коментираат доверителите. Во меѓувреме истечено било и осигурувањето на имотот на фабриката, за што е предвидена кривична одговорност. Осигурување немало ни за вработените, а концентрат кој е неопходен за работа на комбинатот стоел на пристаништетото во Солун, за чија лежарина треба да се плаќа по 1.200 евра дневно.

Банкарите велат дека имаат сериозни инвеститори за комбинатот да го спасат од стечај, но не ја исклучуваат можноста за преговори и со Енекод само ако покаже план за отплата на долгот, за обрт на средства и за вложувања. Од сите инвеститори го бараме истото, оној што ќе има најдобра понуда, ќе ја добие фабриката, велат претставници на трите банки. За нив Енекод засега противправно се претставува како сопственик на фабриката во која нема инвестирано ниту еден долар.

Новото рочиште за разгледување на можноста за отворање стечај за Фени е закажано за 29 ноември во Основниот суд во Велес. Банките кредитори на Фени иницираа отворање стечај поради долг кон нив од 40 милиони евра и уште 20 милиони евра кон други доверители. Првото рочиште во понеделникот минатата недела беше одложено на барање на новиот директор на фабриката, Рајчо Кацаров, кој во исто време е директор и на бугарски Енекод, заинтересиран да ја купи фабриката. Тој побара изземање на судот во Велес за судењето да биде во некој скопски суд оти банките биле од Скопје, но Врховниот суд му го отфрли барањето и предметот повторно го врати во судот во Велес.

Фени има и 5,5 милиони евра долг кон Управата за јавни приходи.

инвеститори стечај Фени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.