Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судир на пакистанските исламисти и полицијата – 50 повредени

0
By Нова ТВ on November 25, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 25, 2017 11:06

Пакистанската полиција, засилена со елитни армиски единици, употреби солзавец и водени топови за да ги разбие демонстрантите во главниот град Исламабад, додека протести се шират и во другите поголеми градови во државата.

Според неофицијални информации, во судирите со полицијата повредени се 50 луѓе.

Причина за протестот е промената на изборниот закон и молитвата која секој избран политичар ќе мора да ја даде, која е неприфатлива за исламистичките партии во Пакистан.

Во Исламабад судирот се случил на сообраќајната клучка Фајзабад која изминатите две недели беше блокирана од страна на демонстранти поврзани со муслиманското движење Техрик и Лабаик Ја Расул Алах.

Демонстрантите одбија да се повлечат од сообраќајницата по неколкуте добиени судски одлуки дека нивниот протест е нелегален. Неколку илјади луѓе учествувале во протестите, а повеќемина од водачите на организацијата биле обвинети за организирање безредија и напади врз полицијата.

Утрово, полицијата му нареди на водачот на движењето, Кадим Хусеин Ризви, да се предаде и да им нареди на своите следбеници да се разотидат. Ризви тоа го одбил, а неговите следбеници, вооружени со стапови и камења најавија дека ќе го бранат Ризви од полицијата. Околу 8.500 полициски и армиски припадници интервенираа за разбивање на демонстрантите.

Набрзо по веста за полициската интервенција против следбениците на Ризви, протестите се прошириле во најголемиот пакистански град Карачи, каде демонстрантите исто така блокираа важни сообраќајници, но засега нема полцииска интервенција, јави весникот Дон. Протести се организираат и во Лахоре и други поголеми градови.

изборен закон молитва Нереди Пакистан протести Ризви Техрик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.