НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бундеслига: Прв пораз на Баерн со Јуп Хејнкес

0
By Нова ТВ on November 25, 2017 СПОРТ
Фото: footmercato.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Баерн Минхен го претрпе вториот пораз во сезоната, прв под водство на Јуп Хејнкес по девет победи во низа во сите натпреварувања. Борусија во Менхенгладбах ги совлада Баварците со 2:1 во последниот меч од саботната програма во рамки на 13. бундеслигашко коло за враќање на неизвесноста во борбата за највисок пласман на табелата.

Азар во 39 минута од белата точка осигура предност за Борусија Менхенгладбах. На најстрогата казна претходеше игра со рака на Цуле во сопстевниот казнен простор. Домашните до паузата успеаја да постигнат и втор гол (Гинтер 44′), а единствениот за германскиот првак беше дело на Артуро Видал во 74 минута.

На фудбалерите на Борусија Дортмунд, пак, малку им беа четири гола предност по првото полувреме против Шалке. Обамејанг во 12 минута, Стамбули во 18. (автогол), Геце во 20. и Гереро во 25. погодија за капитално водство на „милионерите“ кои, сепак, го прокоцкаа во продолжение на мечот.

Гостите од Гелзенкирхен возвратија со идентична мера во вториот дел пришто бодот го обезбедија во четвртата минута од судиското екстра време по реализацијата на Налдо. Мрежата на домашните претходно ја тресеа и Бургшталер во 61 минута, Харид во 65. и Калигури во 86.

Бундеслига, 13 коло

Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен 2:1

Лајпциг – Вердер 2:0

Фрајбург – Мајнц 2:1

Ајнтрахт – Баер Леверкузен 0:1

Борусија Дортмунд – Шалке 4:4

Аугсбург – Волфсбург 2:1

Хановер – Штутгарт 1:1

Недела

Хамбургер – Хофенхајм (15,30 ч.)

Келн – Херта (17,30 ч.)

Табела: Баерн М. 29, Лајпциг 26, Шалке 24, Борусија М. 24, Борусија Д 21, Баер Л. 20, Хофенхајм 20 (-1), Аугсбург 19, Ајнтрахт Франкфурт 19, Хановер 19, Штутгарт 17, Мајнц 15, Волфсбург 14, Херта 14 (-1), Фрајбург 13, Хамбургер 10 (-1), Вердер 8, Келн 2 (-1).

Баерн Минхен Бундеслига Јуп Хејнкес фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.