Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот им одреди 30 дена притвор на 13 лица, шестмина во куќен притвор

0
By Нова ТВ on November 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 29, 2017 12:26

По распитот на 24 осомничени за насилствата во Собранието Кривичниот суд соопшти дека 30-дневен притвор им е одреден на 13 лица. Меѓу нив е поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, оперскиот пејач Игор Дурловски, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Илиевски, вработен во УБК, двајца вработени во Собранието и други лица. Мерка домашен притвор добија шест лица, меѓу кои и Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

За притворот на петмината пратеници ќе одлучува Собранието.

Во предметот на Јавното обвинителство опфатени се вкупно 36 лица, од кои во судот се донесени на распит 24 лица.

Во продолжение соопштението од Основниот суд Скопје 1 што предмалку беше испратено до јавноста.

Постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден беа спроведени 24 лица…
Постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден беа спроведени 24 лица, за кои по нивно произнесување во однос на предлогот на обвинителството, донесени се решенија со кои на лицата :

М.Ч., О.П., И.Д., М.П., О.Р., Г.А., В.Т., Д.Л., И.Ц., Б.И., Ј.Ч., И.С., и В.М. судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на:

С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј, им определи мерка куќен притвор.

Против овие неправосилни решенија, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

За лицата кои се опфатени во предлогот, а во моментот извршуваат функција Пратеник во Собрание на Р.М., судијата на претходна постапка ќе пристапи кон одлучување по предлогот на обвинителството откако ќе биде одлучено по барањето на судот испратено до Претседателот на Собранието на Р.М., додека за останатите лица кои се опфатени во предлогот, а не беа спроведени пред судијата на претходна постапка, судот сеуште нема добиено известие за причините поради кои не е постапено по наредбите за нивно приведување.

 

27.април Богдан Илиевски Игор Дурловски Јавно обвинителство притвор Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.