Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер покажа храброст што даде датум за проширување кон Балканот

0
By Светлана Јовановска on November 29, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 29, 2017 14:20

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, есенва изјави дека до 2025 година Србија и Црна Гора ќе станат членки на ЕУ. Во оваа изјава Македонија не беше спомената.

Дејвид МакАлистер, претседател на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент и Едвард Кукан, европски пратеник и поранешен министер за надворешни работи на Словачка, зборуваат за идната европска стратегија за проширувањето на ЕУ кон Балканот, ја коментираат оваа изјава на Јункер како и стратегијата што Европската комисија ја подготвува за Балканот.

 

Дејвид МакАлистер

Говорот за состојбата на Унијата на Жан-Клон Јункер е многу важен за целиот балкански регион затоа што за прв пат претседател на Комисијата зборува за идното проширување, со именување на регионот и две земји.

По изјавата на Жан-Клод Јункер во Стразбург за состојбата на Унијата сега ја чекаме стратегијата за политиката за проширување за Западниот Балкан од Европската комисија во февруари. Таа стратегија треба да биде генерален пристап на ЕУ до Западниот Балкан. И ќе даде генерален преглед како овие шест земји се развиваат на патот кон ЕУ. Таа нема да има многу детали. Специфичните детали за земјите ќе бидат објавени во годишните извештаи најверојатно во април. Значи ќе имаме општ преглед за тоа што очекуваме од шесте земји од Балканот. Но би сакал исто така да прочитам во тој документ што ние од ЕУ можеме да направиме за поддршка на вашите земји. Влезот во ЕУ е технички процес, преговорите се комплексни. Не знам дали луѓето на Западниот Балкан знаат што значи кога се отвораат поглавија, привремено затвораат итн.

Дали стратегијата значи дека се влегува во еден вид реформски натпревар кон ЕУ помеѓу земјите кандидати?

Шесте земји се различни. И сите шест земји ќе минат низ длабока анализа за тоа што направиле или што не направиле. ЕУ сака да го види целиот регион како оди напред. Ние силно сакаме да ја поддржиме регионалната стабилност, помирувањето и добрососедските односи. Во рамките на берлинскиот процес очекуваме да видиме како се организира поврзаноста на регионот, луѓето и бизнисот да можат да се среќаваат и затоа јас сум за инфраструктура и поврзаност. Но регионалната стабилност и помирување е една работа но фундаменталото пред се. Клучно за членство е зајакнување на демократијата, правната држава, борбата против корупцијата но и слободата на медиумите. Тоа е навистина клучен приоритет и тука нема попуштање.

Едвард Кукан

Колку ќе биде амбициозна стратегијата на Европската комисија за Балканот со оглед на датумот за 2025 година ветен од Јункер?

Да се даде временска рамка е многу необично. Морам да кажам дека Јункер е храбар политичар штом дава таква изјава. Мислам дека треба да стоиме на цврсто на земја. Се зависи од тоа како земјите реформираат. Лично јас посакувам да им кажам добредојде дури и порано, но тоа не може да оди побрзо од исполнувањето на критериумите. Добро е што Јункер спомена датум, многу подобро од неговата претходна изјава кога рече дека нема проширување во наредните 5 години. Но штом тоа го вика, а и тука на конференцијата го чув тој датум, значи дека ние сите треба тоа сериозно да го сфатиме. Тоа е сериозно ветување од европските институции, од претседателот на Европската комисија, па земјите од Балканот тоа исто така треба сериозно да го сфатат бидејќи ова е двонасочна соработка за исполнување на целта. Ако ние не дојдеме до целта на тој датум тоа би било големо разочарување. Затоа јас сум понекогаш внимателен со датуми но кога претседателот на Комисијата одлучил така и тоа го објавил, тогаш тоа нé обврзува да правиме се во таа насока.

Јункер ги спомена Србија и Црна Гора. Дали 2025 година ќе се однесува и на Македонија?

Овие две земји се единствените што се влезени во преговори за членство. Затоа е нормално што Јункер ги споменал. Се надевам дека другите земји ќе им се придружат во процесот во наредната година. Албанија чека на датум, Македонија чека на датум. Затоа мислам дека е нормално и логично што Јункер го спомена само овие две земји. Штом другите му се придружат на процесот и тие ќе добијат некаква временска линија на која треба да сметаат за идно членство. Другите две земји од регионот ова треба да го сфатат како охрабрување бидејќи работите се движат. Процесот е жив. И она што ми прави задоволство е што сега сите европски институции го сфаќаат проширувањето кон Западниот Балкан многу сериозно, одговорно и тоа на интензивен начин, така што мораат, по овие убави изјави, да испорачаат во земјите. Испорачувањето мора да биде во форма на конкретни проекти за да им се помогне на земјите од регионот за дојдат побрзо во интеграцијата. Ова е навистина убава вест за регионот кој е различен, различните земји за на различно ниво на интеграција во ЕУ. Но најважното е што има порака за сите нив.

 

балкан Дејвид Макалистер Едвард Кукан Жан-Клод Јункер проширување стратегија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

ВЕСТИ May 28, 2026

Реформската агенда е јасен показател на европската ориентација на кабинетот на Христијан Мицкоски, одговорија од…

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.