НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Охрид започна состанокот САД – Јадранска повелба

0
By Нова ТВ on December 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под мотото „Интеграцијата е целта, соработката е начинот“ денеска во Охрид се одржува состанок на министрите за одбрана на САД  и на земјите од Јадранската повелба на кој се очекува да се реафирмира и конкретната поддршка од сите земји на намерите и заложбите на Република Македонија за постигнување на полноправно членство во НАТО.

На состанокот во Охрид учествуваат заменик-помошник на секретарот за одбрана на САД Лора Купер,  министри за одбрана или официјални претставници на земјите членки Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Црна Гора, како и министерот за одбрана на Бугарија, и министрите за одбрана или официјални претставници на земјите набљудувачи, Косово, Србија и Словенија.

– Република Македонија не бара членството во НАТО да го добие како подарок. Тоа не е ниту тоа е стекнато право, туку тоа да е резултат на посветеност, исполнети критериуми и континуирана стабилност. Тоа го истакна министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на отворањето на состанокот.

Според Шеќеринска,  постои решителност за затворање на отворените проблеми кои досега непотребно се развлекуваа, ги оптоваруваа односите со соседите и се наметнаа како реални пречки на за евроатлантските интеграции.

– Македонија полека излегува од еден тежок период предизвикан од пролонгираната политичка криза. Период полн со предизвици, во кој граѓаните покажаа мудрост, зрелост, одважност и демократски капацитет, и недвосмислено се изјаснија за насоката кон која посакуваат земјата да се движи и стратешките приоритети, истакна Шеќеринска.

На состанокот говореше и премиерот Зоран Заев кој потсети дека токму Јадранската повелба беше мотивацијата што ги водеше земјите членки за рекордно време да ги достигнат стандардите за членство во НАТО, притоа изразувајќи жалење што Македонија во Букурешт остана пред вратата на Алијансата поради спорот со Грција, независно генералната оценка дека земјата ги исполнила сите критериуми.

Тој забележа дека од тогаш Македонија беше втурната во ретроградни политички процеси кои кулминираа со најтешка политичка криза во земјата по осамостојувањето.

Јадранска повелба Охрид САД средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.