Јужнокорејската крајбрежна стража соопшти дека најмалку 13 лица загинале а уште две се водат како исчезнати, откако рибарски брод удрил во танкер кај јужнокорејскиот западен брег.
На рибарскиот брод се наоѓале двајца членови на екипажот и 20 патници. Сударот се случил со танкер од 336 тони западно од Инчеон, во близина на Сеул.
Во тек е потрага по исчезнатите, во која се вклучени четири хеликоптери и 14 бродови.