Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Членовите на ДИК ја отстраниле службата кога гласале за надоместоците

0
By Влатко Чаловски on December 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 5, 2017 17:59

По завршувањето на јавната седница на членовите на ДИК, на која расправаа за дополнителните надоместоци за локалните избори и по прашањата на новинарите зошто седницата не беше јавна, членовите на ДИК прстот го вперија во стручната служба на Комисијата, која како што рекоа тие, затоа што не ја информирала јавноста.

НОВА дознава од високи извори во ДИК, дека токму на тајната седница на која членовите ја носеле одлуката, стручната служба била отстранета, па оттаму и немало информација за јавноста, ниту пак на официјалниот сајт на ДИК.

Во прилог на видеото, на 3:08 минута, на прашањето на новинар зошто баш оваа одлука за надоместоците не била објавена на сајтот на ДИК, потпретседателот Реџеп Прекопуца посочува дека прашањето требало да се адресира кон службата.

Од новинарите исто така, по завршувањето на расправата имаше неколку прашања, во однос на тоа зошто се одбиени барања за информации од јавен карактер на разни медиуми, но членовите на ДИК рекоа дека истите биле одбивани без нивно знаење, односно дека за тоа е одговорна службата.

Тие денеска взаемно ја правдаа одлуката за надоместоците, дека истата била законска бидејќи четири месеци додека решавале по прашања поврзани со изборите, не виделе „ниту празник ниту делник“ и дека работеле прекувремено  и за време на викенди, но на крај поради притисокот од јавноста, одлучија истите да ги вратат индивидуално.

Бидејќи не постои правна регулатива за отповикување на одлуката, членовите решија самите да одлучат дали парите ќе ги вратат во буџетот или ќе ги донираат во хуманитарни цели.

Стручната служба на ДИК, која ја води генералниот секретар Добре Јанчев е присутна на секоја седница на ДИК, по што изготвува записник за редоследот и текот на седницата, но не и на последната седница која се одржала тајно, без присуство на јавноста.

Случајот со висината на дополнителните надоместоци на ДИК во јавноста излезе по вчерашната изјава на американскиот амбасадор Џес Бејли, кој на предавање посветено на борбата против корупцијата кое се одржа на Факултетот за безбедност – Скопје рече дека слушнал дека членовите на ДИК си изгласале дополнителна плата за работата која ја завршиле за локалните избори во октомври.

– Слушнав дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија. Тие претходно дополнително добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година. Гласањето во Комисијата било едногласно, сите партии, сите етникуми, а персоналот во Комисијата добил помали бонуси. Јас сум јавен службеник, поддржувам наградување на јавни службеници кои работат повеќе од предвиденото, но имам прашање во врска со ова. ДИК е независно тело. Можеби овој потег бил дури и легален, но гласањето се случило зад затворени врати, рече Бејли.

Дик дополнителни надоместоци стручна служба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.