Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Секој од членовите поединечно ќе одлучува како ќе ги враќа парите

2
By Влатко Чаловски on December 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 5, 2017 15:43

Со 9 гласа ЗА, членовите на Државната изборна комисија едногласно донесоа заклучок, секој од членовите на ДИК и стручната служба за локалните избори, индивидуално ќе решава каде и како ќе ги враќа парите. ДИК заклучи дека, бидејќи нема законска можност да се отповика веќе донесена олука, во конкретниот случај за враќање на бонусите, членовите одлучија тие да бидат вратени, но секој поединечно ќе одлучи дали тие ќе бидат насочени во буџетот или пак ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Расправата по точката за донесените одлуки за определување на надоместок за членовите на Државна изборна комисија и вработените во стручната служба за спроведените избори, која беше втора на дневниот ред на денешната јавна седница, траеше кратко.

Членовите на ДИК кои доаѓаат од различни политички партии, иако во минатото одлуките речиси никогаш не ги носеле едногласно, сепак аргументите за дополнителните надоместоци ги бранeа сите и се поддржуваа меѓусебно дека бонусите се законски.

Виолета Дума, при расправата рече дека таа и нејзиниот колега Игор Милев, донеле лична одлука да ги вратат парите или во буџетот или како донација.

Но пред да соопшти дека ќе ги врати дополнителните надоместоци за 4 месеци, Дума рече дека таа е убедена дека ги заслужува парите бидејќи четири месеци Комисијата работела деноноќно и за нив немало “ниту делник ниту празник”.

-Одлуката е исклучиво донесена по закон. ДИК ја сочинуваат два дела, членовите и администрацијата. Одлуките се донесени врз основа на трудот и се законити, донесени по Правилник. Пред 2013 по измената на Изборниот законик, претходно само службата земаше надоместок. Но, одлуката е легитимна и законска. Ќе ги вратам парите не затоа што не ги заслужувам туку за му се најдат на некого, рече Дума која рече дека е задоволна што Државната изборна комисија работела професионално и транспарентно и спровела локални избори признаени и од домашната јавност и од меѓународните фактори.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, е решен да ги врати парите од надоместоците за членовите и вработените во ДИК. На брифинг со новинарите пред почетокот на денешната седница, Чичаковски рече дека доколку нема опција да отповикување на одлуката за исплата на бонуси, во тој случај ќе ги донира земените надоместоци.

Членот на ДИК, Сашо Срцев во своето аргументирање се согласи со ставовите на своите колеги дека одлуката за надоместоците е законска и рече дека и тој ќе ги врати парите или во буџетот или во хуманитарни цели. Меѓу другото, Срцев посочи дека не е фер кон ДИК да се посочува со прст како пример за корупција и дека парите ќе ги врати за да покаже дека на неговото семејство не му се потребни пари за свеќи и пченица.

Станува збор за надоместок за четири месеци, при што членовите на комисијата добивале плати од 60 до 72 илјади денари.

Амбасадорот на САД Џес Бејли, вчера на предавање посветено на борбата против корупцијата кое се одржа на Факултетот за безбедност – Скопје рече дека слушнал дека членовите на Државната изборна комисија си изгласале дополнителна плата за работата која ја завршиле за локалните избори ви октомври.

-Слушнав дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија. Тие претходно дополнително добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година. Гласањето во Комисијата било едногласно, сите партии, сите етникуми, а персоналот во Комисијата добил помали бонуси. Јас сум јавен службеник, поддржувам наградување на јавни службеници кои работат повеќе од предвиденото, но имам прашање во врска со ова. ДИК е независно тело. Можеби овој потег бил дури и легален, но гласањето се случило зад затворени врати, рече Бејли.

 

бонуси враќање Дик одлука
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.