НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски и Јанакиески денеска повторно во суд, ќе сведочи Жерновски

0
By Нова ТВ on December 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ денеска треба да се одржи во Кривичниот суд.

Досега двајца признаа вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013- четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски, кои се осудени на по шест месеци условна казна и најавија дека нема да се жалат на првостепената пресуда.

Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Денеска се очекува сведочење на поранешниот градоначалник, Андреј Жерновски, кој за време на протестите пред Општината, добиваше закани од демонстрантите.

На минатото рочиште на 29 ноември, тројцата обвинети Даниел Трифуновски, Дарко Стојчевски и Трајче Петковски побараа да се одложи рочиштето, бидејќи не им бил тука бранителот. Адвокатот Дончо Наков е во Кина за што го известил судот.

-Груевски доцнеше 19 минути и 35 секунди на судењето, а Даниел Трифуновски 17 минути. Барам обвинетите да го почитуваат судот и обвинетите и за следното рочиште, доколку кој било задоцни, да бидат преземени сите процесни мерки. Судењата се познати однапред, рече обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи.

СЈО сепак се согласи да биде одложена главна расправа, но Фетаи рече дека ова е „прв и последен пат СЈО ќе прифати одложување на главна расправа поради отсуство на бранител“.

Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на СЈО и одлучи дека во доказната постапка може да се користат снимките од прислушуваните разговори.

Груевски Јанакиески Насилствата во Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.