Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба на лидерите на Србија, Грција, Бугарија и Романија

0
By Нова ТВ on December 9, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 9, 2017 10:00

Српскиот претседателот Александар Вучиќ денеска во Белград ќе се сретне со премиерите на Грција, Алексис Ципрас, на Бугарија, Бојко Борисов и на Романија, Михај Тудосе, во рамките на Високиот совет за соработка меѓу четирите држави.

Се очекува на состанокот четворицата лидери да разговараат за заедничките проекти, економската соработка и европската перспектива на Србија, имајќи го предвид престојното претседавање на Бугарија со ЕУ.

Српските медиуми оценуваат дека станува збор за клучен состанок за иднината на регионот, на кој најмногу внимание ќе се посвети на енергетската безбедност, унапредување на соработката за сообраќајното, инфраструктурното и енергетското поврзување, како клучни чинители за привлекување на инвестиции и за забрзан економски развој на регионот.

Говорејќи за денешниот состанок Вучиќ истакна дека тој е важен за политичката, воената и енергетската безбедност на регионот.

Состанокот во Белград е договорен за време на претходната средба на четворицата лидери во октомври во Варна.

Повод за нивната средба тогаш беше договорот меѓу Ципрас, Вучиќ и Борисов од јули во Солун, кога е предложено „инфраструктурно поврзување на земјите од Источниот Балкан“.

Во Варна, на состанокот „еден плус три“, претседателот на Србија и премиерите на Грција, Бугарија и на Романија разговараа за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата и енергетиката, а клучен договор беше бугарско-грчкиот проект „Од море-до море“ да добие два нови крака – едниот кон Србија и вториот кон Романија.

– Постои нова визија за Балканот и затоа тесно ќе соработуваме на полето на енергетиката, транспортните врски, на управувањето со кризите и на безбедноста, изјави тогаш Алексис Ципрас./МИА

Александар Вучиќ Алексис Ципрас Бојко Борисов Бугарија Грција Романија Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.