Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украинската полиција го уапси Михаил Саакашвили

1
By Нова ТВ on December 9, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 9, 2017 10:11

Полицијата во Киев доцна синоќа го уапси поранешниот грузиски претседател и актуелен лидер на украинското опозициско Движење на новите сили, Михаил Саакашвили, соопшти јавниот обвинител на Украина, Јуриј Луценко.

Во објава на својот профил на Фејсбук, Луценко наведе дека Саакашвили „се наоѓа во изолација“, додавајќи дека безбедносните сили при тоа сториле се со цел да се „избегне насилство и крвопролевање“.

Веста за апсењето на Саакашвили беше потврдена и на неговиот профил на Фејсбук.

– Итно. Го уапсија Михаил Саакашвили, стои во објавата, со која се повикуваат неговите приврзаници да се соберат на протест пред затворската единица во која е притворен опозицискиот лидер.

Украинските медиуми јавија дека по објавувањето на информација за апсење на Саакашвили, група негови поддржувачи се собрале пред седиштето на Службата за безбедност на Украина.

Полицијата успеа да го уапси Саакашвили дури во трет обид, откако во претходните два неговите проврзаници не им дозволија на полициските сили да го лишат од слобода,

Обвинителството го товари Саакашвили за обид за уривање на уставниот поредок, откако тој за време на минатиот викенд организираше протести против украинскиот претседател Петро Порошенко.

Полицијата првпат се обиде да го уапси Саакашвили во вторникот претпладне во неговиот дом, но тој се качи на покривот на зградата во која жовее и ги повика поддржувачите на протести. Набргу потоа, маса луѓе се осбраа пред зградта и го извлекоа од полициското комбе во кое беше притворен.

По ова неговите приврзаници поставија камп од шатори во близината на Парламентот, од каде Саакашвили го повика претседателот Порошенко да поднесе оставка и го обвини за корупција.

Во средата во утринските часови полицијата повторно се обиде да го уапси, упаѓајќи во протестниот камп.

– Полицијата ме бараше во мојот шатор, но по грешка влегоа во соседниот, каде ги претепаа моите поддржувачи. Го прашувам Порошенко, каква е целта на овие провокации? Не ги напаѓајте луѓето, не ги терајте да се бранат. Ова е мирен протест, напиша Саакашвили на Фејсбук по вториот неуспешен обид за негово апсење.

При судирите беа повредени 13 лица, од кои 11 поддржувачи на Саакашвили и двајца полицајци,

Саакашвили, кој беше водач на протестното движење што го урна од власт поранешниот грузиски претседател Едуард Шеварднаѕе, беше претседател на Грузија од 2008 до 2013 година. Во 2015 година, по Мајдан револуцијата во Украина, која тој ја поддржуваше, Саакашвили доби украинско државјанство и Порошенко го именуваше за гувернер на областа Одеса.

Но, лани во ноември Порошенко го разреши од гувернерската позициција, по што Саакашвили ја формираше својата партија и започна со обвинувања за криминал и корупција против шефот на државата и Владата. Порошенко во јули годинава донесе и одлука за одземање на украинското државјанство на Саакашвили,

Претходно, уште во 2015 година, властите во Тбилиси му го одзедоа и грузиското државјанство.

Михаил Саакашвили Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.