Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Македонија и треба амбициозна стратегија без централи на јаглен

0
By Светлана Јовановска on December 14, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 14, 2017 17:58

Ако сака да го реши проблемот и да им овозможи чист воздух на граѓаните, Македонија ќе мора веднаш да почне да се ослободува и од јагленот. РЕК Битола и Осломеј снабдуват 80 отсто од енергијата во земјата. Но, истовремено и ја разболуваат земјата преку воздухот и преку почвата од која Македонија се храни.

Од 1 јануари 2018 година земјите на Балканот треба да почнат со намалување на емисиите на штетните гасови од согорувањето на јагленот во големите постројки како РЕК Битола и Осломеј и да ги хармонизираат законите со европските.

На состанокот на министерскиот совет на Енергетската заедница што се одржува денес на Косово треба да биде донесена одлука за почеток на примена на Директивата за индустриски емисии во балканските земји. На состанокот нашиот министер за економија Крешник Бектеши го презеде претседавањето со Енергетската заедница за идната година за периодот од 1 јануари до 31 декември 2018 година но таква изјава од него денес не стаса.

Алијансата за здравје и животна средина (HEAL) потсетува на оваа обврска и подвлекува дека примената на оваа обврска драстично ќе ги намали трошоците на здравството во балканските земји но и во ЕУ. Овие прописи не се толку строги колку што се новите директиви за големи постројки во ЕУ што стапија на сила во август 2017 година и на кои и ние ќе треба со време да се прилагодиме. Оттука, подготовката треба да почне сега.

“Примената на строгите ЕУ регулативи за загаденоста на воздухот од термоелектраните на јаглен е голем предизвик за балканските земји. Но истовреме е добра можност од здравстена перспектива. Намалување на загаденоста на воздухот од термоелектраните на јаглен ќе го намали ризикот за срцеви и дишни болести, рак, мозочен удар, астма и дијабетес како и бројни опасности за сдравјето што најчесто ги погодуваат неродените бебиња, децата, бремените жени, постарите лица и хронично болните”, вели Влатка Матковиќ Пуљич од Алијансата.

Организацијата им препорачува на властите да изработат амбициозен план за намалување на емисиите на штетни гасови, да усвојат национален план, да ги затворат сите стари термоелектрани на јаглен, да не градат нови и да прекинат со финансирање на постројки на јаглен.

“Снежната топка на загадувањето и здравствените ефекти од согорувањето на јагленот и рударството продолжува да расте а локалните заедници се сé поодлучни да се изборат за своето право на здрав живот и здрава животна средина. Крајно време е од дневниот ред да исчезнат сите планови за изградба на нови термоелектрани”, вели Јоана Циута, координатор за енергија во “Банквоч”.

Но, визијата за развој на енергетиката до 2030 година на МАНУ набројува три сценарија во кои јагленот повторно игра голема улога: нови две централи на јаглен во Мариово и Неготино, нуклеарна централа во Мариово и нови хидро централи во двата наведени случаи. Така, јагленот ќе учествува со 70 отсто во снабдувањето со енергија додека ЕУ планира до 2050 тотална декарбонизација на енергетскиот сектор.

Инвестициите во обновливи извори на енергија во Македонија занемарливо мали.

“Ние на македонската влада и препорачуваме да почне со фази за излегување од централи на јаглен. Нашите истражувања покажуваат дека јагленот не е ефтина енергија токму поради здравствениот трошок што го плаќаат луѓето во регионот и во Европа или што го плаќа здравството. Сметаме дека Македонија не само што не треба да гради трета ваква централа туку дека треба да ги затвори двете постоечки и да инвестира во обновливи извори на енергија и штедење на енергија.”

Еден пример доколку првиот блок на РЕК Битола почне со примена на обврските од Енергетската заедница:

Во моментов блокот 1 емитира 22,297 тони годишно јаглен диоксид, 5,548 тони годишно озон и 926 тони годишно ПМ 2,5.

Со примената на обврските јаглен диоксидот ќе се намали на 1,575 тони годишно, озонот на 1,575 тони годишно а ПМ2,5 на 47.

Табелите и препораките на Алијансата ќе ги најдете тука на српски јазик.

 

HEAL Алијансата за здравје и животна средина Европска енергетска заедница ЕУ јаглен Осломеј РЕК Битола Хил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.