Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен суд: Пресудата за Костовски е нејасна и противречна

0
By Нова ТВ on December 15, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 15, 2017 16:13

Врховниот суд денеска ја објави одлуката за Звонко Костовски кој беше обвинет за шпионажа во случајот Пуч кој го отвори Основното јавно обвинителство, а подоцна го презеде Специјалното јавно обвинителство.  Врховниот суд во одлуката која ја донесе врз Барањето за заштита на законитоста (БЗЗ)поднесено од СЈО, пишува дека е БЗЗ е делумно основано.

Во одлуката на судот се наведува дека пресудата за Костовски, е нејасна и противречна, и делумно го уважи барањето на СЈО во делот за шпионажата.

„Имено, со оспорената пресуда обвинетиот З.К. од С., огласен е виновен за кривично дело – Шпионажа, затоа што, прибавени содржини од следени комуникации ги предавал на обвинетиот Ѓ.Л., кој му ги предавал на обвинетиот З.В. со намера тој да ги соопшти и предаде на странска држава, организација и лице кое им служи, на кој начин лицата Ѓ.Л. и З.К., за паричен надоместок, му ставиле на обвинетиот З.В. средства за располагање за извршување на кривичното дело и со умисла му помогнале во извршување на кривичното дело – Шпионажа. Во овој дел, пресудата е нејасна и противречна, бидејќи не содржи соодветно образложени причини поради кои обвинетиот З.К. е огласен виновен за помагање во извршување на кривичното дело Шпионажа, во услови кога не е утврдена кривичната одговорност на обвинетиот З.В., кому тој би му помогнал во извршувањето на тоа кривично дело“, пишува во одлуката на Врховен суд.

Во одлуката, исто така пишува дека Врховниот суд најде дека не се основани наводите во барањето за заштита на законитоста за сторена повреда на Законот за кривичната постапка, во делот за кривичното дело Неовластено прислушување и тонско снимање  за кое обвинетиот е огласен виновен врз основа на предлог-спогодба.

„Судијата на претходна постапка на рочиште за оцена на предлог-спогодбата, по дадените поуки согласно со закон, испитал дали таа доброволно е поднесена, дали обвинетиот е свесен за правните последици од нејзиното прифаќање и за трошоците на кривичната постапка, па по спроведување на сите законски дејствија и оценка на предлог-спогодбата, донел осудителна пресуда“, пишува во одлуката.

Судиите образложуваат дека Костовски како главен оперативен техничар во Управата за безбедност и контраразузнавање, со своето техничко знаење им овозможил на другите припадници на злосторничкото здружение да пристапат кон незаконско следење на комуникациите и на лица кои не се маркирачи им овозможил да маркираат телефонски броеви и креирал паралелна структура во која биле складирани сите незаконски следени комуникации“. Причината поради која не е кривично гонет од СЈО е затоа што тој бил сведок во постапката бидејќи неговиот исказ бил од особено значење за откривање на другите сторители на кривичните дела.

СЈО на 18 јануари годинава го повлече обвинението за „Пуч“ бидејќи, доказите кои ги откриле не упатуваат дека кривичното дело го сториле Костовски и другите обвинети. СЈО овој случај го води во предметите „Тврдина“ и „Таргет“, чии главни обвинети со помош на Апелациониот суд Скопје и на Врховниот суд се во екстрадициски притвор. Првото рочиште е закажано за 22 декември.

Повеќе стории за случајот на Звонко Костовски:

Костовски признал дека извршил дело кое не постои

Врховен денеска ќе одлучува за свиркачот Ѕвонко Костовски

„Таргет“ Врховен суд прислушување пуч Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.