Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен денеска ќе одлучува за свиркачот Ѕвонко Костовски

0
By Нова ТВ on September 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 14, 2017 08:54

Денеска Врховниот суд на седница ќе одлучува за судбината на еден од двајцата најпознати свиркачи во Македонија, Ѕвонко Костовски, човекот без кого никогаш немаше да се дознае дека поранешната власт прислушува пола милион граѓани.

Костовски, сега е единствен обвинет во случајот „Пуч“ што го отвори Јавното обвинителство под палка на поранешниот републички обвинител, Марко Зврлевски.

Костовски во тоа време вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање се товари дека по налог на Зоран Верушевски приклучувал броеви во опремата за прислушување, снимал, а потоа материјалите му ги предавал на Ѓорги Лазаревски (поранешен вработен во УБК, осомничен но ослободен од обвиненијата во овој случај) кој пак му ги давал на Верушевски (осомничен но ослободен од обвиненијата во овој случај).

Во четврток Врховен ќе одлучува за свиркачот Ѕвонко Костовски

Пресудата има неколку спорни моменти.

Во пресудата која Кривичниот суд ја донесе на 25 февруари минатата година, а со која Костовски беше осуден на три години затвор пишува дека Костовски на барање на Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски внесувал броеви во системот за прислушување и заедно со оние кои легално биле наместени од МВР ги снимал и им ги предавал.

Меѓу лицата кои се наведени во пресудата дека Костовски ги приклучил за снимање пишува дека биле Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Антонио Милошоски, Бранко Црвенковски, Наташа Савова, Радмила Шеќеринска, Влатко Мијалков и Александра Мијалкова.

Но она што е нејасно во оваа пресуда е како Груевски бил приклучен за прислушување кога обвинителката Ленче Ристевска, одговарајќи на новинарско прашање кога СЈО ја презентираше истрагата за случајот „Таргет“ рече дека Никола Груевски во системот за снимање не бил обележан како таргет, односно неговиот телефон никогаш не бил обележан за слушање, а сите разговори кои јавноста ги слушаше се затоа што Груевски разговарал со лицата кои биле таргетирани за прислушување.

Ако се земе в предвид дека Ристовска во ноември минатата година изјави дека СЈО има податоци за злоупотреби на системот кои се случувале и во 2016 година се поставува прашањето кој ги правел злоупотребите кога Лазаревски и Костовски повеќе не биле вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање?

Костовски признал дека извршил дело кое не постои

Пресудата со која е осуден Костовски, кон крајот на минатата година пред Врховен суд ја осуди Специјалното јавно обвинителство.  Барањето за заштита на законитоста СЈО го поднело за да се поништи пресудата за Костовски која според СЈО е незаконска.

Адвокатот Филип Медарски вели дека пресудата која е донесена не ги исполнува законските основи затоа што ги нема елементарните кривични дела, а во образложението на пресудата нема никаков доказ, Исто така како што вели Медарски, не може Костовски како помагач на кривично дело да биде осуден, а за главните сторители да нема пресуда.

СЈО кон средината на јануари го повлече обвинението за „Пуч“ бидејќи обвинителниот акт за овој предмет кој бил целосно различен од доказите со кои располага СЈО за случаите „Таргет“ и „Тврдина“.

Врховен суд Звонко Костовски пуч
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.