НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екстремната десница ќе ги води австриската дипломатија и одбрана

0
By Нова ТВ on December 16, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новите австриски министри за надворешни работи, за внатрешни работи и за одбрана доаѓаат од редовите на екстремната десница, изјави денес лидерот на екстремно десната Партија на слбодата (ФПО) Хајнс-Кристијан Страхе.

Тој самиот ќе биде потпреседател на владата и задолжен за јавната администрација и спортот.

Ова беше најавено на денешната прес конференција на која беше претставена новата австриска влада на која зборуваат Страхе и новиот премиер Себастиан Курц.

Договорот за новата влада помеѓу екстремната десница и десницата исклучува референдум за излегување на Австрија од ЕУ, изјави Страхе.

Во Брисел владее загриженост поради можното анти-европско расположение на екстремната десница. Според европски дипломат во Брисел ова може да го доведе во опасност и проширувањето на ЕУ кон некои земји од Западниот Балкан.

Австриската екстремна десница во принцип не е против проширувањето но не би сакала во ЕУ да влезат муслимански земји. Ова пред се однесува на Турција но во опасност може да биде доведен и напредокот на многу балкански земји во кои има муслиманско население, предупредува дипломатот. Особено што од јуни во декември 2018 година Австрија седнува на претседателското столче во ЕУ па така земјата ќе има значајна улога во сите одлуки за проширувањето што се очекуваат во втората половина на следната година.

Лидерот на ОВП Курц, кој убедливо победи на неодамнешните избори, ќе биде именуван за канцелар и со 31 година ќе биде најмлад премиер во Европа.

Владата ќе ја скрати социјалната помош за мигрантите и ќе воведе одделни училишни одделенија за децата на мигранти кои не зборуваат германски. Прашањето на миграцијата беше една од главните теми на изборите на кои победата на Курц му овозможи да ја раскине долготрајната широка коалиција со социјал-демократите.

Главни задачи на коалицијата ќе бидат да се намалат даноците и бирократските пречки за бизнисот, да се засили директната демократија и дополнително да се намали приливот на мигранти, соопшти германската новинска агенција ДПА.

Австрија внатрешни работи екстремна десница надворешни работи одбрана Себастиан Курц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.