НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаиќ по поразот од Партизан: Мора да ги научам како се игра одбрана

0
By Нова ТВ on December 17, 2017 СПОРТ
Фото: mztskopjeaerodrom.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кошаркарите на МЗТ Скопје беа далеку од посакуваното изненадување на Партизан среде Белград. „Црно-белите“ славеа со 112:94 (по четвртини: 32:19, 37:23, 19:28, 24:24) во меч од 12 коло во АБА лигата и продолжија со негување на амбициите за учество во плеј-офот во регионалното натпреварување. На аеродромци, кои се наоѓаат во тешка криза, им преостанува да трагаат за трета радост во јадранската сезона во некоја наредна, поповолна, прилика.

„Правевме катастрофални грешки што скапо нè чинеа. Мечот го загубиме буквално во првото полувреме. Честитки до Партизан за заслужената победа“, беше кусиот коментар на Дамјан Стојановски на прес-конференцијата по средбата.

Македонскиот шампион беше „присутен“ во салата „Александар Николиќ“ во српската престолина само во воведот од натпреварот во кој поведе со 2:8 за потоа ништо да не зависи од него. Домашните одговорија со серија од 11:2, набрзо потоа изградија двоцифрена предност што без проблеми ја одржуваа до последната минута.

„Првото полувреме го одигравме катастрофално. Морам да ги научам моите кошаркари како се игра одбрана. Примивме голем број на кошеви и од дополнителните слободни фрлања кога не бевме во бонус. Нѝ недостасуваат тренинзи, но времето е пред нас. Не е страшно да се загуби од Партизан овде. Сепак ќе мора да научиме нешто од ова. Се надевам дека во наредниот период, со некои тимови со сличен квалитет, ќе можеме да прикажеме подобра игра“, изјави Жељко Лукаиќ, тренер на МЗТ Скопје.

Михајло Андриќ беше прв стрелец со 29 поени, Патрик Милер и Александар Аранитовиќ уфрлија по 17, Најџел Вилијамс Гос реализира 12, Новица Величковиќ 11. Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Бојан Трајковски со 20 коша, Дарко Соколов постигна 14, Јуре Лалиќ 13, а Дамјан Стојановски 12.

МЗТ Скопје во наредното коло (23 декември) ќе биде домаќин на тимот на ФМП.

АБА лига кошарка МЗТ Скопје Партизан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.