НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски обвини за селективна правда и сомневање во бомбите

0
By Нова ТВ on December 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екс премиерот Никола Груевски денеска обвини дека самото СЈО признало дека прислушуваните разговори или таканаречените бомби, кои тие ги користат како доказ во сите предмети можеле да се менуваат или монтираат.

-Имаше еден фрапантен момент, односно самата обвинителка кажа дека постои можност снимките да се менуваат, односно во нив да се уфрлаат делови. Тие не можат да бидат доказ, ова убаво го знаат и апелациските судови, но под притисок на власта донесоа одлука истите да се користат како докази. Познато е дека СЈО овие снимки ги доби од Зоран Заев, па затоа многу е веројатно истите и претходно да биле монтирани. Сето ова е еден политички прогон, изјави Груевски, по завршувањето на рочиштето, за случајот „Траекторија“ каде што се предложени 315 „бомби“ и смс пораки како докази.

Неговата изјава се однесуваше на она што на рочиштето го кажа обвинителката од СЈО  Лиле Стефанова дека обвинетите досега не ги добиле овие материјали поради страв од нивна злоупотреба, односно како што рече, од нивно размножување или менување.

Ова беше одговрот на Стефанова на барањето на одбраната на обвинетите да се одложи главната расправа бидејќи не ги добиле доказите.

Груевски исто така реагираше дека за него и за останатите обвинети во случаите на СЈО  се закажувале дури по две рочишта на ден, а додека за премиерот Зоран Заев, рочиштето за случајот „Поткуп“ се одложува со месеци.

-Очигледно дека станува збор за селективна правда бидејќи за нас има по две рочишта на ден и тоа се со цел по цел ден да не држат во судница и со тенденција што е можно побрзо да не осудат, а рочиштата на Заев се одлагаат до бескрај, рече тој.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се товарат дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања. Со тоа тие нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра, а на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист. Предметот стана познат како „кинески провизии“.

Рочиштето е закажано за 26 декември.

бомби докази Груевски СЈО Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.