Неврохирургот Венко Филипче е новиот министер за здравство. Вака одлучила денеска Владата, неофицијално дознава НОВА.
На Алијансата за Албанците им е понудено вицепремиерско место и се чека одговор од нив за овој предлог. Од ова же зависи дали тие же останат дел ов Владата.
НОВА го контактираше Филипче, но тој не ја потврди информацијата, бидејќи се уште не е известен.
-Сега одам во Владата, но заради други обврски како советник на премиерот. Официјално немам ништо за ова, досега не ме известиле, кратко одговори Филипче.