НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Даштевски сведочеше во Солун, денеска одлука за екстрадицијата

0
By Нова ТВ on December 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, Александар Даштевски, како експерт на предлог на адвокатите на Горан Грујевски и Никола Бошковски, денеска беше сослушан како сведок во Судот во Солун. Во текот на денов се очекува Судот да ја донесе првостепената одлука по барањето на македонските власти за нивна екстрадиција, потврди за МИА адвокатот на обвинетите, Петар Василев.

– Денеска продолжи со сослушувањето на сведоци. Беше сослушан Даштевски, кој од страна на Судот беше прашуван за правните аспекти на постапката во смисла на меѓународните конвенции и конвенциите за човекови права. Тоа ќе биде и последен сведок во постапката, по што се очекува во текот на денешниот ден од страна на Судот да биде донесена првостепена одлука, вели Василев.

Од одлуката, како што рече, ќе зависи ќе биде поднесена жалба.

Одлуката според грчките закони се објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.

– Ние очекуваме судот да го одбие барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски, рече Василев.

Минатото рочиште беше прекинато поради истекот на временскиот период предвиден за рочиштето.

За екстрадиции во Грција, одлучува совет, најчесто во тричлен состав, двајца судии и еден обвинител, на јавно рочиште, освен ако не биде доставено специјално барање, сослушувањето да се одржи зад затворени врати. Токму таков беше случајот со поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање. Едниот од адвокатите на минатото рочиште побара судењето да биде затворено за јавноста, поради заштита на лицата за кои се бара екстрадиција.

Адвокатот Костас Хаѕијоану ова барање го поткрепил со тврдењето дека Грујевски и Бошковски во Македонија се изложени на ризик од закани и прогон.

Откако на 29 ноември беше одложено првото рочиште за екстрадицијата, по испратеното барање и документацијата од македонска страна, на 13 декември во улога на прв сведок, советот на судии го сослуша исказот на адвокатот на обвинетите,  Петар Василев.

Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром. Судењето по три одложувања ќе се одржи на 17 мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември.

Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун.

Грујевски и Бошковски, кои се обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

Бошковски Грујевски Даштевски екстрадици сведочење Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.