Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку повеќе трошеле на јавни набавки,толку биле помалку транспарентни

0
By Нова ТВ on December 21, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 21, 2017 13:30

Министерствата за внатрешни работи, за здравсто, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за обрзование и наука биле најнетранспарентни во процесот на јавни набавки.

Ова го покажува анализата за мерење на транспареноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки спроведена од Центарот за граѓански комуникации за спроведени јавни набавки во текот на 2016 година.

Според истражувањето, четирите најниско рангирани институции трошат најголем дел од парите за јавни набавки, односно 75 проценти од вкупните средства што ги потрошиле опфатените институции. Додека седумте институции со највисока проценутална исполнетост трошат само пет проценти од вкупните средства за јавни набавки.

Анализирани се 21 институција кои покажале средно ниво на транспареност.

– Институциите се рангирани во пет нивоа. На оскудно и највисоко ниво нема ниту една институција што значи дека ниту една институција не остварува од 80 до 100 проценти исполнетост на критериумите, ниту пак има некоја која има од 0 до 20 проценти. Сите се во средно ниво од 20 до 80 проценти. Најмногу институции има во ограниченото ниво, односно од 40 до 60 проценти исполнетост на критериумите за транспареност на јавните набавки, изјави Герман Филков од Центарот на денешната презентација на анализата.

Според истражувањето, ниту една институција не го запазила критериумот за направена проценка за потребата за набавка и контролата и следење на спроведувањето на договорите.

Со анализата се опфатени министерствата, Службата за општи и заеднички работи, секретаријатите за законодавство, за спроведување на Рамковниот договор, за европски прашања и Собранието на РМ.

Идејата е да се понуди алатка на институциите за самоевалуација колку ги запазуваат овие основни принципи во јавната набавка, а следната година оваа алатка ќе ја применат и други невладини организации што ќе ги рангираат општините.

– Тие се многу повеќе од процедура, администрација и бирокаратија. Поентата е да се фрли светло на ефикасноста на јавните набавки и целисходноста. Со  запазување на овие приницпи ќе се види дали институциите навистина го купуваат она што им треба во таа количина, во тој обем, во тој рок и дали тоа било функционално, односно ја извршило намената за која е купено, истакна Филков.

Рангираните институции во 2016 година потрошиле 170 милиони евра. Вкупно биле склучиле 1823 договори.

Мотивот за анализата, како што рече Филков, е јавните набавки да се подигнат на повисоко ниво како инструмент, како нешто што реба да им служи на сите, а не само да се сведе, како што рече, на слепо купување производи и услуги за функционирање на институциите.

анализа јавни набавки министерства транспарентност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.