Венус Вилијамс нема да одговара кривично за сообраќајната несреќа во која загина едно лице. Тенисерката, според пишувања во медиумите во САД, е ослободена од обвинение и против неа е прекината судската постапка.
Повозрасната од сестрите Вилијамс првично беше обвинета за предизвикување на судир со возило со кое управуваше 68 годишната Линда Барсон која се здоби со лесни телесни повреди. Но, нејзиниот сопруг Џером, кој седеше на совозачкото место, беше итно пренесен во болница со тешки повреди на главата што беа фатални по него по две недели од инцидентот.
Полицијата подоцна објави дека се откриени докази што упатуваат дека Венус прописно влегла во раскрсницата и дека нема вина за предизвикување на насреќата. Тужба против американската тенисерка поднесе и семејството Барсон, но адвокатските тимови на двете страни засега се воздржани по веста за прекинување на судската постапка.