Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Еден љубов, една љубов“ за ФК Вардар со промоција во Скопје

0
By Нова ТВ on December 22, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 22, 2017 15:48

„Еден живот, една љубов“  е насловот на документарниот филм во продукција на „Пи-Џи-Ем Нетворк“ од Белград што беше промовиран денеска во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК) во Скопје. Филмското остварување ќе биде сервирано пред јавноста во три епизоди е идеја на новинарот Живко Здравкоски и во него се опфатени седумте децении од формирањето на „црвено-црните“. Првата серија го опфаќа периодот од 1947 година до 1963 година, втората се однесува на времето од 1963 година до 1987 година и третата од 1987 година до 2017 година.

Улогата на наратор во документарецот ја има Дарко Панчев, а за историјата на клубот говорат и 30 истакнати членови на најтрофејниот македонски фудбалски колектив од минатото, спортски коментатори и новинари. На промоцијата на филмот беа присутни бројни клупски легенди, но и претседателот на МОК, Васил Тупурковски, Ванчо Балевски, екс селекторите Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски, потоа Вујадин Станојковиќ, Драган Томовски, Драган Мутибариќ. Но, она што падна во очи беше отсуството на претставник од актуелното раководство на Вардар.

„Со задоволство ја одработивме оваа приказна. Беше уживање. Со оглед дека сме продукција од Белград не сакавме ние да ја раскажуваме вашата приказна, па затоа се решивме тоа да го направат легендите на клубот“, истакна Катерина Синѓелиќ кој заедно со првиот човек на „Пи-Џи-Ем Нетворк“ се јавуваат како потписници на вардаровиот документарец.

Премиерата на „Еден живот, една љубов“ е најавена околу Нова година на фреквенцијата на ТВ „Арена спорт“. Меѓутоа од белградската продукција истакнаа дека се водат преговори за филмот да оди и на некоја од македонските телевизии.

„Еден живот документарен филм една љубов“ Промоција ФК Вардар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 7, 2026Updated:August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

ВЕСТИ August 7, 2026

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за…

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.