Експремиерот и екс лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска треба ќе се појави во Кривичниот суд, како еден од обвинетите во случајот за насилствата во Општина Центар.
Во овој случај исто така обвинети се и екс министерот Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и останатите 8 лица кои биле извршители на насилството.
Досега двајца обвинети признаа вина – четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски, кои се осудени на шестмесечни условни казни. За еден од обвинетите Димче Крстев, постапката е издвоена.
Минатото рочиште беше одложено бидејќи немаше камери во судницата, на што од пред неколку судења почнаа да инсистираат обвинетите.
Овој предмет од јануари треба да почне од почеток, бидејќи судијката Татјана Михајлова која го судеше Груевски и останатите обвинети, е прераспоредена во друг оддел на судот.
Во предметот „Насилство во Центар“ обвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниелa Рангелова и уште 11 други лица. Тие се товарат дека поттикнале и организирале дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ на протест, со наводен мотив дека ќе се протестира поради рушењето на црквата „Св. Константин и Елена“, која беше во фаза на градба на бул. „Македонија“, иако тоа воопшто не било точка на дневниот ред на седницата.