Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ најавува промена во партискиот Статут

0
By Нова ТВ on December 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 28, 2017 13:15

Партијата ВМРО-ДПМНЕ, соопштува дека согласно објавените заложби на новиот претседател на партијата, Христијан Мицкоски, започнува процес за измена на статутот на ВМРО-ДПМНЕ со цел зацврстување на партиските органи, нивната независност и дополнителна демократизација на партијата.

„Статутарната комисија започнува постапка за измена и дополнување на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ. Врз основа на фактот што внатрепартиската иницијатива за реформи во текот на месец јуни 2017 година има доставено до Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предлог Декларација за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и предлог измени на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме со свои претставници да земат учество во работата на Статутарната комисија, со цел усогласување на ставовите за предметните измени“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија во моментов, ги повикува сите свои членови да учествуваат во процесот на демократизација на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и со свои предлози да се обратат до Статутарната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

„Целта на ваквата постапка е постигнување на поголема ефикасност на делувањето на органите на партијата, зајакнување на партиските органи, и поголема независност во донесувањето на одлуките од страна на истите. Секоја промена ќе биде направена низ процес на отворен внатрепартиски дијалог и консултација, како и користење на позитивните искуства на демократските десничарски сестрински партии од Европа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ реформи Статут
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.