НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раскол во Беса: Обвинувања за узурпирање на партиското седиште

0
By Нова ТВ on January 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По расколот во движењето Беса, денеска двете групи излегоа со информации во јавноста дека им било узурпирано седиштето на партијата во Скопје. Билал Касами, кој за дел од членството се уште е претседател на движењето, влезе во партиското седиште во Скопје по два дена, додека избраниот в.д претседател Неџбедин Каремани тврди дека насилници со кои бил Касами влегле во седиштето.

Во соопштението потпишано од в.д. претседателот на Беса и пратеник Неџмедин Каремани се обвинува дека денеска централното седиште на Движењето Беса во Скопје, кое било под заштита на компанија за обезбедување, било нападнато од вооружени лица, кои ја искршиле бравата и насилно влегле во нејзините простории.

– Се сомневам дека насилниците се некои екстремисти од Чаир и с. Ларце од Тетово, а во седиштето со нив дошол и веќе разрешениот претседател, Биљал Касами, се наведува во соопштението.

Апсолутното мнозинство на движењето Беса, како што се наведува, го осудува овој насилен чин и очекува од безбедносните органи да го расветлат настанот и причинителите на, како што стои, вандализмот да одговараат пред правосудните органите.

– Притоа уште еднаш нагласуваме дека не е ова јавниот дискурс кој ние сме го поставиле, не се овие вредностите кои ние сме ги промовирале и ова е потполно во спротивност со целата идеја на Движењето Беса. Нам ни е жал што Биљал Касами во соработка со екстремисти од Чаир насилно ги крши не само канцелариите на Беса, туку најгрубо ги крши и вредностите кои Движењето Беса ги донесе на политичката сцена, се наведува во соопштението потпишано од Каремани.

Од друга страна, пак, претставникот за односи со јавност на Беса Абдуш Демири, денеска во Скопје одржа прес-конференција на која кажа дека Касами и неговите приврзаници два дена се обидувале да влезат во седиштето на партијата, но оти тоа им било оневозможено и оти внатре имало непознати и неовластени лица. Околу последните случувања во партијата за утре најави прес-конференција на Билал Касами.

– Веднаш ги информиравме компетентните институции да дојдат на лице место и да извршат увид бидејќи пред два дена го пријавивме случајот. Откако полициските екипи завршија со увидот за неколку дена ќе има и кривични пријави за сите инволвирани во узурпирањето на седиштето на движењето Беса во Скопје, изјави Демири.

Беса Каремани Касами раскол седиште Скопје узурпација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.