Иранските власти го забранија изучувањето на англискиот јазик во наставата во основните училишта. Постоењето на таквиот наставен предмет, според нив, претставува „културолошка инвазија“.
Секретарот на Високиот образовен совет на Иран изјави дека „учењето на англиски воопшто не се препорачува“. Основните школи кои предаваат англиски вон настава, потсети тој „ги кршат правилата“.
Наместо англиски јазик, меѓу учениците во основните училишта министерството за образование предвидува „зајакнување на вештините по персискиот јазик и исламска култура“.
Иранскиот врховен водич – ајатолахот Али Каменеи и порано изрази загриженост околу изучувањето на англискиот јазик (кого многу Иранци го сметаат за важен).
Посебно го критикуваше зборувањето на англиски јазик во градинките и тоа во говор директно до наставниците во 2016-та.