Јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин го пофали претседателот на САД, Доналд Трамп дека имал огромен придонес за преговорите помеѓу двете Кореи за смирување на тензиите.
Јае-ин изјави дека ќе седне на маса со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, но не само за да имаат обичен состанок, туку целта му е Пјонгјанг да започне со денуклеаризација.
„На Корејскиот Полуостров не смееме пак да имаме војна. Мојата цел е проблемот со нуклеарната програма на Северна Кореја да го решиме на мирен начин за време на мојот мандат“, изјави претседателот на Јужна Кореја.
По неколку преговори на демилитаризираната зона помеѓу двете држави, Ким Јонг Ун се согласи да испрати своја делегација на Зимските Олимписки игри кои ќе бидат во Јужна Кореја годинава.
Свои заслуги за ова си препиша и претседателот на САД, Доналд Трамп, кој преку Твитер реле дека тој го овозможил дијалогот меѓу двете Кореи.
„Дали некој верува дека ќе имаше преговори и дијалог меѓу Северна и Јужна Кореја ако јас не бев дециден и посветен во нашата надмоќност врз Северната. Би бил будала, но разговорите се добра работа“, рече Трамп.
Двете држави по преговорите издадоа заедничко соопштение во кое се обврзаа на подобрени односи.