НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХК: Да запре илегалната депортација на бегалците од Македононија

0
By Нова ТВ on January 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се делува кон јавната перцепција за мигрантите во Македонија со оглед дека сè уште постои високо ниво на предрасуди, да се запре нелегалната депортација на бегалците од страна на надлежните органи и да се работи на заштита на основните човекови права на бегалците кои треба да се почитуваат од страна на институциите и од граѓаните.

Ова се дел од препораките истакнати во извештаите направени во рамки на проектот „Помош на рутата – поттикнување на заштитата на човековите права на мигрантите што поминуваат низ Македонија и Србија“, чија цел е посилна промоција и заштита на човековите права на мигрантите, вклучително и барателите на азил, кои минуваат низ Македонија и Србија.

Препораките се базирани на деталните извештаи за јули, август, септември и октомври, 2017 година, подготвени од страна на ХК и наодите од набљудувања на пет граѓански организации.

Во нив се истакнува дека мора да се работи и на зголемена супервизија на малолетниците без придружба во двата транзитни кампа, a при трансферирање на бегалците од една во друга земја да се почитуваат правните процедури за соработка со надлежните органи во соседната држава, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

– Полицијата и безбедносните служби не смеат да прават систематски претрес на личните предмети на мигрантите и на нивните мобилни телефони. Претресите мора да се на правна основа и врз основани сомнежи за криминални активности. Мора да се стави крај и на нелегалното, групно враќање на мигрантите од границите. Тоа претставува прекршување на основните човекови права и слободи на мигрантите и е нехуман третман. Сите процедури на враќање на бегалците мора да се во согласност со човековите права и се реализираат во кооперација меѓу земјите, посочуваат од Хелсиншкиот комитет.

Сепак, генералниот став за состојбата во Македонија заклучно со октомври е дека е мирна иако сè уште има проблематични сегменти на кои мора да работи. Бројот на бегалци во двата транзитни кампа во Македонија, во Винојуг и Табановце, е мал и тие најчесто се користат за пократки престои и мал е бројот на бегалци кои остануваат подолг период. Мигрантите кои се забележани како транзитираат низ Македонија во периодот на октомври, генерално, се од Пакистан, додека помал дел доаѓаат од Сирија, Иран, Авганистан и Алжир.

– Во октомври забележано е зголемување на бројот на големи групи бегалци кои се пресретнати од полицијата на нелегалните рути низ земјата. Тие патуваат сами или со криумчари, и повеќето се лоцирани во јужниот дел на земјава. Во октомври има осум регистрирани случаи на поголеми групи кои се донесени во транзитниот камп во Гевгелија, со пет бегалци кои патувале во помали групи и 23 во поголеми групи. Речиси секој од нив веднаш бил вратен во Грција по кратко испрашување и регистрација. Им била понудена медицинска и хуманитарна помош во камповите во Гевгелија пред да бидат вратени во Грција, велат од Хелсиншкиот комитет.

ХК за човекови права на Македонија е партнер во проектот заедно со Новосадски хуманитарен Центар и Здружение на самарјанските работници, кој е поддржан од ЕУ. Дел од акцијата се и пет македонски и 15 српски граѓански организации кои работат на полето на миграцијата и барателите на азил.

бегалци депортација Македонија Хелсиншки комитет за човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.