НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел се подготвува за мачен и неизвесен четврти мандат

0
By Нова ТВ on January 13, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Коалиција на губитници“ е името со кое во Германија веќе се нарекува владата која Ангела Меркел се подготвува да ја води во својот очигледно последен мандат.

Конзервативците на канцеларката од ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите (СПД) по маратонски преговори вчера постигнаа договор за почеток на формални коалициски преговори, со што се зголемени изгледите за составување на нова германска влада и излез од политичката блокада.

Договорот овозможува почеток на детални преговори за коалициски договор следните недели, а со тоа се завршува периодот на неизвесност, кој ја ослаби меѓународната позиција на Германија и го отвори прашањето дали Меркел може да остане на својата функција.

Германскиот политиколог, Крал-Рудолф Корте, за германската телевизија ЗДФ рече дека од големата коалиција останала мини-коалиција која претставува само 53 отсто од гласачите по парламентарните избори, додека во претходниот Парламент ЦДУ и коалиционите партнери од ЦСУ и СПД заземале две третини од местата. Но, на последните избори, традиционалните партии се казнети. Канцеларката победи, но со еден од најлошите резултати (33 отсто), додека СПД падна на 20,5 проценти.

Причината за тоа е продор на крајната десница со речиси 13 проценти и враќањето на либералната партија исто така со десна програма. Неделникот „Дес Шпигел“ неодамна иронично искоментира „палео-коалиција“ која ја сочинуваат партиите и лидерите кои се слични на диносауруси.

Тројцата претседатели на партиите кои вчера преговараа се ослабени и однатре. Мартин Шулц не се опорави по дебаклот на парламентарните извори, а Хорст Сеехофер во ЦСУ го маргинализираа неговите внатрешни противници.

Иако на видик нема сериозен наследник на канцеларката на интернет се дебатира за период после Меркел. Германското општество е силно, но канцеларката изгуби политички поени по бегалската криза. Се наметнува прашањето дали таа ќе го доврши својот четири годишен мандат. Поголемиот дел од Германците (56 проценти) во минатонеделното истражување рекоа дека ќе може.

Ангела Меркел Германија коалиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.