Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сценарија за предвремени избори во Грција

0
By Нова ТВ on January 15, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 15, 2018 14:29

Иако грчкиот премиер Алексис Ципрас тврди дека неговата Влада ќе го истера докрај својот мандат, кој истекува во септември 2019 година или барем дека ќе се обиде да го направи тоа, сите показатели говорат дека изборите во Грција ќе се одржат порано, оценуваат грчките медиуми.

Одговорот на прашањето „колку порано може да се одржат изборите?”, зависи од тоа какви ќе бидат сосотјбите во економијата и развојот на настаните околку националните прашања на земјата, почнувајќи од спорот за името на Македонија.

„Та Неа“ смета дека сегашната политичка клима во Грција дава индикации дека ќе има предвремени избори. Повеќето пратеници од владејачката партија СИРИЗА размислуваат за избори, а очигледно вчерашното гласање за законот за нови мерки за штедење, е знак дека тие се загрижени за зачувување на своите позиции и за останување на власт, коментира весникот.

Некои пратеници проценуваат дека предвремените избори можат да се „некакво решение”, ако се утврди дека товарот од следниот преглед на програмата за спас или од она што ќе следи по истекот на сегашната трета програма, предизвика незадоволство во левото крило на СИРИЗА.

Лидерот на главната опозициска партија, Нова демократија, Киријакос Мицотакис веќе „објави предизборна тревога“ и бара изборите по секоја цена да се одржат уште оваа година. 

Останатите од опозициски партии исто така размислуваат за своите потези во случај на предвремени избори, кои ќе зависат уште и од тоа кога и колку брзо во Германија ќе биде составена влада, бидејќи од неа зависи и понатамошната дебата меѓу ЕУ и ММФ за Грција и нејзиниот надворешен долг.

Но, резултатите од анкетите не и одат во прилог на СИРИЗА, која има големо заостанување зад конзервативната Нова демократија од 10 процентни поени.

Според анкетите, на третата позиција е новиот левоцентристички сојуз – Движење за промени, а веднаш зад него се екстремно десничарската Златна зора и Комунистичката партија на Грција. Сојузот на центристите и партија Независни Грци, која сега е дел од владејачката коалиција, се околу изборниот праг за влез во Парламентот.

Голема непознаница при евентуалната изборна трка ќе биде дали конзервативците ќе можат самостојно да состават Влада или ќе мораат да бараат коалициски партнер.

Грчките медиуми како можни термини за одржување на следните парламентарни избори ги посочуваат јуни оваа година, претстојнава есен и тоа најверојатно во октомври, мај следната година заедно со евроизборите или септември 2018 кога е крајниот рок за редовни избори.

Грција предвремени избори сценарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.