НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров во Њујорк очекува првична рамка за напредок во спорот

0
By Нова ТВ on January 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров изјави дека очекува на денешната рунда разговори медијаторот Метју Нимиц да понуди првична рамка што ќе овозможи суштински напредок во решавањето на спорот за името.

Тој смета дека чин на врвна политичка одговорност е да се искористи оваа шанса на позитивна атмосфера за решавање на дводеценискиот проблем, а во однос на исходот од обновениот процес Димитров за Дојче веле изјави: „По природа сум оптимист, а во случајов сум оптимист со грижи.“

„Ние сме решени во рамки на можното да го движиме процесот кон решение. Со Грција сме соседи и вечно ќе бидеме соседи. Но, нештата не зависат само од нас, туку и од другата страна. Во моментов наша највисока одговорност е да направиме се што можеме да го искористиме овој прозорец и да се качиме на европскиот воз, бидејќи за нас таму е перспективата, напредокот, иднината“, рече Димитров.

Пред почетокот на преговорите во Њујорк, медијаторот Нимиц изјави дека предлог решението за името ќе го вклучува терминот „Македонија..

– Терминот „Македонија“ ќе биде содржан во предлог решението за името бидејќи веќе го имаат признаено повеќе од 100 земји во светот, изјави Нимиц за грчката ТВ Антена. Посочи дека името со кое земјата е заведена во ОН е „поранешна југословенска република Македонија“, односно терминот Македонија е дел од името, а и Грција ја има признаено со тоа име.

Нимиц истакна дека нема волшебно решение за името, дека спорот трае предолго и оти натамошното одолговлекување би го направило проблемот уште потежок за решавање, пренесува МИА.

 

Димитров името Нимиц Њујорк преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.