НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Борисов ја повика ЕУ да ги отвори портите за Македонија

0
By Нова ТВ on January 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија е камен темелник на Балканот и ако се размрда, се размрдува целиот Балкан, предупреди денес Бојко Борисов на пленарна седница на Европскиот парламент (ЕП)  во Стразбург. Тој ги претстави приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ во наредните шест месеци. Бојко Борисов, премиерот на Бугарија, пред пратениците побара евро-атлантска перспектива за Македонија.

Што се однесува до Западниот Балкан, има неколку варијанти. Затоа ние предложивме варијанта која не носи ризик за ЕУ. Сигурни сме, знаеме…. а знае и Жан-Клод Јункер кој беше пред неколки дена во Софија и им благодарам на Јункер, претседателот на Парламентот Тајани и претседателот Туск кои дојдоа на отворањето на бугарското претседателство.

Знаеме дека нема да има нови членки од Балканот за време на овој мандат на Европската комисија. Но истовремено, мораме јасно и чесно да им кажеме на што можат да се надеваат и какво е расположението во Европа.

Познавајќи го регионот можам да кажам дека ова е моментот кога тоа треба да го направиме. Вчера имаше еден истрел во Косово и целиот Балкан зоврива како и преговарачкиот процес меѓу Косово и Србија и веднаш расположението станува поинакво.

Народите од Балканот очекуваат, со оглед на тоа што географски и историски и припаѓаат на Европа, дека ќе и се придружат. Некои се понапред во процесот а некои поназад.

Јас мислам дека Бугарија и бившата Република Македонија дадоа особен пример за тоа дека на Балканот има држави што со такт и добри намери можат да решаваат проблеми и да не доаѓаат кај вас со нивните проблеми. Договорот за добрососедство кој со децении, иако се работеше на него, не се усвојуваше, се потпиша пред неколку дена, завчера македонскиот Парламент го ратификуваше а се надевам тоа ќе го направи и бугарскиот.

Премиерот Заев беше храбар, како и ние. И сега искрено се надеваме дека меѓу Скопје и Атина ќе се заврши процесот за името затоа што тоа ќе даде голема перспектива за Скопје, ова не го кажувам случајно туку да не ги иритирам колегите од Грција. Треба да се даде перспектива за НАТО и ЕУ. Ова е место камен темелник на Балканот и ако се размрда, се размрдува целиот Балкан.

Бојко Борисов Бугарија бугарско претседателство со ЕУ Европски парламент ЕУ ЕУ проширување Македонија НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.