НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР:Идеите на медијаторот не се коментираат јавно пред темелна анализа

0
By Нова ТВ on January 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно узансите на дипломатијата, идеите на медијаторот не се коментираат јавно пред темелна анализа и изграден став на државниот врв, велат од Министерството за надворешни работи за МИА во врска со вчерашната изјава на македонскиот преговарач во спорот со Грција за името, Васко Наумовски.

– Учеството во процесот за надминување на разликата околу името меѓу Македонија и Грција бара висок степен на професионалност и одговорност. Градењето мостови и отворањето врати кон европската и евроатлантската иднина на земјата бара трпение и посветеност, додаваат од МНР.

Укажуваат дека согласно узансите на дипломатијата, идеите на медијаторот не се коментираат јавно пред темелна анализа и изграден став на државниот врв.

– До овој момент во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се уште немаме добиено целосен извештај од вчерашната средба во Њујорк, наведуваат од МНР.

Македонскиот претставник Наумовски по последната рунда разговори во Њујорк синоќа изјави дека предлозите изнесени од медијаторот Метју Нимиц се далеку од достоинствено решение. Тој меѓу другото рече дека од медијаторот биле презентирани некои идеи за кои смета дека излегуваат од рамката дадена во Резолуцијата 817 на Советот за безбедност.

НОВАТВ вчера повикувајќи се на дипломатски извори објави дека Наумовски изјавата ја дал пред да ја информира Владата на Република Македонија за предлогот од Нимиц со што се отстапува од досегашната практика ставот околу предлогот да биде изграден откако сите релевантни фактори во државата ќе бидат информирани за содржината.

Согласно Уставот, амбасадорите, како и специјалните преговарачи на РМ ги именува претседателот на државата на предлог на Владата.

изјава МНР Наумовски преговори предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.